Media & Marketing Blog

Комуникации.нет подкаст – епизода 01

Додека Мите гледаше театарска претстава а јас играв бадминтон, вчера вечер премиерно на РадиоМОФ беше емитувана прата епизода од комуникации.нет подкастот. Како што најавивме вчера, за правење подкаст правиме муабет повеќе од две години, и еве конечно го направивме :).

Благодарение на идејата на Милчо, темата на првата епизода беше баш подкаст. Решивме да споделиме некои скромни искуства за тоа што е подкаст, што треба да се знае и сл. Слушни ја епизодата и ќе ти стане јасно, а плус и на почеток ќе слушнеш кои ни се плановите и структурата на самата емисија.

Еве ги и линковите кои ги ветивме во самата емисија:

AudioBoo – Mobile & web platform that effortlessly allows you to record and upload audio
MixCloud.com/
Re-think Radio
How-to-Podcast-Tutorial – The definitive step-by-step guide on how to podcast
Celtx – The world’s first all-in-one media pre-production system
Apple iTunes – Making a podcast

Ако заборавив некој, ќе дополнам подоцна… Следната емисија ќе оди премиерно следната среда. [дополнето]

[дополнето] Конечно средивме подкастот да изгледа пристојно и на iTunes – Комуникации.нет подкаст на iTunes удри едно subscribe сега 🙂

17 коментари на “Комуникации.нет подкаст – епизода 01”

  1. ribaro mk

    како бе нема коментари?

    Аирлија прва епизода, одлично! Ако можам да забележам 40 мин. е долго за мое уво. Некој оптимус би бил 20 – 25 мин. и се надевам дека џез позадината не ќе е константно присутна во другите епизоди 🙂

    Честитки!

  2. Коста

    Честитки!

    Да го направите достапен преку iTunes. И Мите да седи поблиску до микрофонот. 🙂

  3. Darko Buldioski

    @ribaro фала за забелешките. Нашиот план е 30 мин. И во иднина ветуваме дека нема да ги надминеме. Веќе размислувавме како да го постигнеме тоа. Ако е тоа долго, ќе го кратиме на 25.

    @Коста достапен е, не си побрал :P. Ама не го споделив јас линкот затоа што има некој куршлус со плагинот за подкаст и комуникацијата со база во поглед на енкодингот. http://itunes.apple.com/mk/podcast/id426567357 еве го. Ќе мора да ја конвертираме целата база, а за тоа треба да испланираме соодветно време :). (http://codex.wordpress.org/Converting_Database_Character_Sets)

    Патем, Мите не седеше далеку од микрофон туку зборуваше на друг микрофон кој беше ушислушно полош. И за тоа сме свесни и ќе го надминеме следната епизода. Фала на забелешка.

  4. Gjoko

    samo napred momci ! super muziche super informacii 😉

  5. Јетон

    Честитки!

    Памтам дека долго време се планираше и ете на крај излезе првата епизода.

    Звукот е малку како да сте на соба (obviously) 😉 но сигурен сум дека следните епизоди ќе бидат поквалитетни во смисла на звукот нормално.

  6. Darko Buldioski

    @Gjoko @Јетон фала, фала. за звукот знаеме, тапа ни е канцеларијата за снимање. Следната ќе одиме да ја снимаме во РадиоМОФ.

    А за музичето, на Мите ќе му се обратите 😉

  7. Калина

    За самата содржина на подкастот, ако зборуваме зашто нема подкастинг во МК, мислам дека е доста едноставно – треба некој мејнстрим да го стави на мапа. Нпр. Јанко Јади Бурек. Има видео/аудио од неговите емисии, луѓе се јавуваат, му треба еден alongside live chat и ќе биде Лео Лапорт 🙂

    Како што Адам Кари му нудел 100 милиони на Хауард Стерн да прави подкаст наместо неговата емисија на Сириус, едноставна логика – потребен е суперстар.

  8. Darko156

    Ај некој друг пример, те молам за да можам без многу воздржување да се сложам со твојот коментар :)) не дека вака не се сложувам нели 😉

    Ајде, може ќе успееме да натераме некој во иднина да направни нето на темава ама генерално земено клиентиве локални многу се тешки кога ќе дојде ред да се креира содржина, со блогови им оди тешко може да се обидеме со подкаст, може полесно ќе им е 🙂

  9. Калина

    Примерот е неважен за мојот и твој вкус, за феноменот суперстар ми е муабетот. А инаку ретко гледам ТВ (освен снимено), не знам кој друг среќен пример можам да понудам. Игор Д Шоумен Џамбазов? Whatever 🙂

  10. Игор

    Ок ви е емисијата, но на радио е покрај содржината многу важна е и формата. Мора да поработите на радиски начин на комуникација и водителство. Мора да работите на одвојување на долгите говори со „џингл“ или кратка музика…мора да работите на техничко средување на емисијава. ФОН во позадина….. и сл… инаку е супер продолжете!

  11. Игор

    Мите близу до микрофонот….. и „хм“ „хм“ голтнување и разно мрморење не трпи радио микрофонот. Дарко ОТВОРАЈ ја устата! :))))

  12. Darko Buldioski

    Фала за советите Игор. Не сме професионалци, ама сакаме да се подобриме. Денес одеше втората епизода, утре ќе ја обајвам на блогов. Не сум сигурен за џингловите дека ни требаат, затоа што одиме со некој формат кој е повеќе подкаст отколку радио, ама сепак ќе размислиме.

    Останатаите забелешки се корисни, на некои од нив внимававме денес при снимањето, за некои како музиката во позадина, веќе размислувавме, па останува да се подобруваме во иднина.

    Уште еднаш, фала за советите. Се слушаме/читаме 🙂

  13. Anonymous

    Keep up the good work!

    Ја на времето режев на двд за да гледам видкасти, па буткајќи количка по саат-два дневно слушав музика, па аудио книги, па подкасти. Поминаа можеби 5 години (и iPhone) за да стигнам до тука. И да немаше линк на iTunes, тешко дека ќе ве слушав 🙂

    Само напред, без музика, користете ги слушалките со микрофон од iPhone за снимање, и најдете некој да ви помогне за звукот – праксата вика дека луѓето трпат лоша слика, ама не и лош звук. Плус тагови, гифче, па и транскрипт, редовност, donate button, и издржете барем 6 месеци 😉

    Ако правите No Agenda Show, викајте 🙂

  14. Anonymous

    И твитајте у живо додека оди премиерата 🙂

  15. Anonymous

    Промоција, промоција, промоција 🙂 На сите места каде што ја најавуваш премиерата, ставај дека ти си на располагање на Твитер, па да видиш после 😉

  16. darko buldioski

    кога ќе имаш прилика да ме слушнеш на некое предавање или сл. ќе сфатиш дека го презирам зборот промоција. Маркетингот кој го работиме и туркаме (овој новиов, онлајн) не тргнува од промоција туку од комуникација.

    :)))))

    Патем, не можам да барам посветеност од твитераши во термин на лига на шампиони 🙂 Треба да си ја заслужиме а не да ја добиеме на стара салва. Плус уште не сум наместил подкастот да ми дава статистика на слушаност. Не дошло ред 🙁 Кога ќе го направам тоа ќе бркаме бројки 🙂

  17. darko buldioski

    Истото го зборуваме. 🙂 Само јас употребувам различни зборови затоа што пристапот е различен 🙂

Коментарите се затворени.