Media & Marketing Blog

16 #ПрегледВоПеток

Имаме нова дефиниција за “парадокс”. А тоа е дека ја почнуваме неделата понеделнички расположени за преглед во петок. Ако претходната реченица ве стави малку во мисла, ајде да се вратиме во колосек со збирката четива кои ги издвоивме за вас. Се потрудивме да опфатиме од сè по нешто, секој да може да си најде интересно четиво.

  1. Заштитинички настроен куче-чувар. Транспарентноста е темел на довербата, а токму тоа и го бара Агенцијата за заштита на податоци во Обединетото Кралство. Сигурно сте добро запознаени со сите политички скандали поврзани со лажните вести и злоупотреба на податоците на интернет. Агенцијата во Британија се стреми кон зголемување на транспарентноста во тоа како личните податоци се движат помеѓу дигиталните платформи за да им укаже на луѓето кои се во таргет групата за политички реклами зошто токму тие се таргетот и на кој начин.
  2. Кај и да си, со Гугл да си. Локација он ор оф, сеедно е. Таа пак си работи, пак си собира податоци кои ги испраќа назад до чичко Гугл. Од почетокот на 2017. андроид телефоните прибираат податоци од адреси од базни станици во негова близина. Истражувањето на Quartz открива дека причината поради која Гугл го прави ова без наша согласност е за подобрување на пристигнувањето и испраќањето на пораки. А како адресите од базни станици имаат улога во сето тоа е малку нејасно. Иако Гугл вели дека овие информации не ги користи, сепак има простор за маркетерите да ги таргетираат потрошувачите според локација обезбедена на овој начин.
  3. На младите им е преку глава од социјалните мрежи. Повеќето од нас си мислат “Леле децава се опседнати со нивните телефони и социјалните мрежи.”, а уствари тоа и да не ти било така. Спомнавме нешто и во претходниот преглед, па ова ќе му дојде како надополнување. eMarketer повторно со истражување во кое укажуваат дека младите се оттргнуваат од социјалните мрежи.
  4. Контент маркетинг не е само маркетинг! Ако сè уште мислите дека контент маркетинг е само уште еден начин да си ги продадете производите/услугите на потрошувачите, тогаш грешите. Сосема спротивно од продажба, тоа е едукација на вашите фанови. Градење на доверба, нудење дополнителна вредност и издвојување од конкуренцијата. Да не заборавиме дека на долг рок е и поевтина алатка од традиционалниот маркетинг. Користете ја!
  5. Со 360°ка до зголемена продажба. Новите истражувања спроведени од Magna и IPG Media Lab во соработка со YuMe откриваат интересни бројки за видео форматот 360°. Видео рекламите што ја користат 360° степени технологијата уживаат 7% зголемување на намерата за купување преку смартфон и 12% раст во верувањето дека брендот има “уникатна приказна да раскаже” во споредба со традиционалните видео реклами. Процентите и не се многу големи, но сепак од нив можеме да видиме како публиката ги перцепира видео рекламите.
  6. Од грешките учиме. А ние ќе ти помогнеме да ги елиминираш. Секој што се занимава со онлајн реклами и Аналитикс знае дека менаџирањето на реклами не е лесна работа. Големи се шансите дека не секогаш ги добивате посакуваните резултати, па затоа погледнете ги овие 5 грешки кои ја саботираат вашата рекламна кампања.

Кратко и слатко, толку беше од овој преглед во петок во понеделник. Ако имате некоја интересна тема што би сакале да ја споделиме пишете ни во порака на ФБ.

Се читаме 🙂