Media & Marketing Blog

Ниче прв блогер?

Постои одредена дебата за точниот почеток на блогирањето и првиот блог, па така ако на различни места побарате информации за ова ќе најдете различни податоци, но во крајна линија и не е толку битно, важно се случило 🙂 Во неколку поста на овој блог беше чепнато и загатнато прашањето на односот весници и блогови како два различни начини на запишување на сегашноста, и тоа какви записи ( и факти 🙂 оставаат тие на идните генерации.

Додека јас се токмев нешто поопширно да напишам на (според мене 🙂 важнава тема, драго ми е што темата е супер обработена кај Археоблог, под титуларот Коментарите како блого-графити“, како и во претходниот „Twisted side of the history“:

Блоговите се најдобрите етнографски белешки, подобри и од најдобрата дигитализација на културното наследство на еден народ. Затоа и се толку важни. Моментална историја, живот, верувања и традиција на една персона, на еден народ, на една група истомисленици, на една религија, на еден етнос можат да бидат доловени и само со еден единствен блог-запис.

Она што остана можеби да се каже е каде е зародишот на идејата да се преиспита она што ни го остава историјата како наука која се потпира на материјалните записи на одредени авторизирани записничари? ( на пр. западните историчари за распадот на бивша Југославија примарно ги базираат „историските факти“ од известувањата на медиумите за настаните, но тоа секако не е баш најавтентичната верзија на самата реалност).

Како и повеќето пост-модерни идеи, кои за нас денес се во голема мера реалност, и оваа идеја оригинира од Фридрих Ниче (Friedrich Wilhelm Nietzsche) запишана во неговото дело, вусшност есеј, „Vom Nutzen und Nachteil der Historie für das Leben“ (Кон употребите и злоупотребите на историјата во животот). Во неа ги изнесува своите аргументи колку историјата е само тенденциозен фрагментарен запис на некаква си минатост, и колку е таа далеку од концептот на знаење, според кој така замислената наука би требала верно да се држи.

He..offers—instead of the prevailing view of “knowledge as an end in itself”—an alternative way of reading history, one where living life becomes the primary concern; along with a description of how this might improve the health of a society. It also introduced an attack against the basic precepts of classic humanism. In this essay, Nietzsche attacks both the historicism of man (the idea that man is created through history) and the idea that one can possibly have an objective concept of man, since a major aspect of man resides in his subjectivity.(исто).

Како и да е, интересно е како неговата идеја за вистинската историја, приватниот живот, субјективните вредности кои го чинат човекот и слично, денес се реализираат така обемно и доследно преку блоговите. А и самите негови записи помалку наликуваат на (брзи/куси) постови собрани во колекции како оваа скорешната 🙂

4 коментари на “Ниче прв блогер?”

  1. Darko Buldioski

    На тема нови медиуми и Ниче нaвистина уживав пред неколку месеци читајќи ги семинарките на студентите по нови медиуми од Амстердамскиот Универзитет на тема поврзана токму со Ниче.

    Трудовите еве ги тука: Masters of Media – Tag Archives: Nietzsche

  2. gorde

    Moeto skromno poznavanje za Nice i negovata filozofija …smetam deka mozam da se izrazam!:)

    Podatokot sto go procitav deka drugarot Nice ziveel 13 goduni vo Ludilo…..so ogled na toa ..toj prodolzil da pisuva odnosno da ja nadopolnuva svojata filozofija …citajki ja ,,Taka Zboruvase Zaratrustra'' vo knigata nema nesto za sto bi se fatila i bi rekla deka toa ne e taka ili deka sum slusnala deka nekoj mu pobil bilo koe sogleduvanje na zivotot!!!!

    Taka da svativ deka od toa vreme pak se do denes ne se promenil tekot na zivotot!!Nice si naskrabal u ludilo …… i site nie ziveeme po toa hartivce od 19 vek!!

  3. sead93

    Дарко, супер се линковите, merci 🙂

  4. sead93

    Gorde, mislam deka negovite idei, jas sum inaku total anti-nicheanski tip, se primamlivi oti se nadvor od shablonite na pisuvanje i razmisluvanje, tipicni za dotogasniot francuski racionalizam i germandki idealizam, vrz koi se baziraat konceptite za drzava, znaenje, sloboda i slicno. Dekonstriuirajki gi niv na citatelot mu nudi vpecatok deka se osloboduva od stegite na centrite na mokj, no i ova e samo vpecatok, treba i toa da se stavi pod kriticka lupa 🙂

Коментарите се затворени.