Media & Marketing Blog

Ах тие линкови!!

Не излудуваат!!

Дали да ги ставаме, каде и како да ги ставиме. Чиј линк ќе ни донесе повеќе посети, кој ќе не примети ако поставиме линк до некоја сторија и ред други прашања. Опции има безброј. Секојдневно ние блогерите се обидуваме да ги научиме законитостите кои функционираат во блог-заедницата.

Знам само дека неколку истражувачи досега имаат направено цели софтверски платформи кои ги следат поврзувања меѓу блоговите, една од нив е Blogdex, а нејзиниот автор Cameron Marlow наскоро ќе ги обелодени деталните резултати од повеќегодишно истражување.

На оваа тема деновиве во МК свој придонес дадоа Филип и Моби:

Дали има корелација меѓу позицијата на топ-листата на македонски блогови според Технорати и бројот на линкови до македонски блогови во блогролот? – се запраша Филип
__________________________________

Мислам дека ова е подобар начин на оддавање признание на некој текст, отколку коментирање од типот “Бравосс” a често и добрите текстови се оние кои имале 0 пораки…често пати остануваат неприметени само затоа што немаат 50 коментари

А бројот на коментарите по правило не е мерило за добар текст . Можам да напишам “Смрт за блогери!” и да имам коментиран текст .

Исто така ова е во насока на заложбите на Развигор за поголема видливост и за зголемување на рангот на македонските блогови – констатираше Моби

Значи може да заклучиме: линковите се важни, но како најправилно да ги користиме треба допрва да откриваме