Media & Marketing Blog

Колку навистина вреди Facebook и дали ви е тоа важно

Како се приближува мај, естимациите за вредноста на Facebook се повеќе се зголемуваат. Последната јавна информација е дека компанијата е вредна помеѓу 100 и 130 милијарди долари. Иако постојат неколку негодувања околу оваа вредност, повеќе од јасно е дека и покрај анализи, докажувања и пресметки, која и да биде објавената сума за вредноста на Facebook ќе биде прифатена.

Она што се обидуваат да го пресметаат аналитичарите е како да ја оправдаат оваа бројка со која се манипулира во последниов месец особено. Најголемите приходи кои компанијата ги има во моментов доаѓаат од нејзиниот систем за огласување. Но ако зборуваме за правдање на вредноста на компанијата, тогаш мора да се спомене дека рекламите не се единствениот извор на приходи на Facebook.

Минатата година компанијата го разработи својот бизнис модел вклучувајќи уште една ставка за плаќање на компаниите кои својот бзнис го базираат на заработки преку оваа мрежа. Имено, компаниите како Zynga, кои заработуваат со продавање на виртуелни добра. За секоја трансакција на Zynga, компанијата е должна да му плати на Facebook 30% од транскацијата. Притоа не е ни чудно што токму оваа компанија има 12% удел во вкупниот приход на Facebоok  (заедно со рекламите кои ги пласира).

Ваквиот бизнис модел станува сериозна ставка во зголемувањето на вредноста на Facebook, бидејќи секоја година освен што рекламите процентуално растат непрестајно, растат и компаниите кои продаваат виртуелни добра преку мрежата, а со тоа рате и процентот на плаќање од трансакциите.

Колку повеќе компании ќе се одлучат да практикуваат е-трговија преку Facebook, толку повеќе ќе се зголемува неговата вредност и неговиот приход.

Колку вас ве интересира и ви е битно која ќе биде крајната вредност на Facebook?