Skip to content


Развој на локалните статии на Википедија

Сподели

Овој, пролетен семестар на Њујорк Универзитетот ги одржувам предавањата по предметот Вовед во нови медиуми. Првата задача за студентите беше да помогнат во развојот на локалните статии на Википедија.

Им ветив дека ќе ги промовирам нивните активности и дека ќе замолам повеќе луѓе да се вклучат во дефинирањето и опшувањето на некои термини од соодвенава област.

Епа, баш затоа го пишувам постов. Тие веќе се активни таму, а ти можеш со или без регистрирана сметка да се приклучиш.

Сега за сега, термините на кои тие беа активни се:

Наскоро ќе има уште, но секако не треба да се заборават и другите веќе постоечки написи од категоријата Интернет.

Share @ Ping.mk

Може да те интересира:

Категории: New media, Social softwere, citizen journalism, citizen media, local.


7 Коментари

  1. новица says

    Дарко, не знам како е со гости на НЈУ, ама на правен факултет имаме супер традција еднаш во семестарот да предаваме за слободен софтвер и авторски права.

    Ако има простор за такво нешто на НЈУ, супер би било. :)

  2. darko156 says

    Со задоволство, секако дека ќе има простор. ќе те контактирам за да се договориме

  3. Lavot says

    Честитки од мене ….

    Само ова „Масивните игри за повеќе играчи играни во прво лице“, ми звучи како заебанција од Монти Пајтон.

    Мислам дека треба да се најде поприфатлива фраза… Ама тоа заспаните убавици од институтот по македонски јазик кои се расправаат дали било правилно госпоѓица?!?!?, а не успеаја да формираат соодветни зборови за термините како Мултиплеер (можеби многуиграштво, многуиграчки?) и на нив сличните.

  4. darko156 says

    Фала, Лавот.

    Баш вчера со Сеад се договаравме да поттикнеме некоја дискусија за посоодветен превод на терминиве. Тој е филолог, па очекувам деновиве еден пост со некои предлози, дискутиравме нешто и за социјални… и сл.

  5. Дамјан says

    Социјални медиуми = друштвени медиуми?

    На IT.com.mk повеќе смисла ни имаше ова второто па така го фураме.

  6. darko156 says

    Супер, и ние баш решивме да го фураме друштвени.

  7. Дамјан says

    А колку ни е точна одлуката што мислиш? :))



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.