Media & Marketing Blog

Kirilica.com.mk епизода 2

Неверојатно, изминатава недела и кусур Кирлица.ком.мк, новиот македонски news сајт се рекалмира на тв и на билборди (може има уште некаде а да не сум видел) а како резултат на тие реклами бројот на посети на овој блог се зголемува. Навидум нелогично, но и не е баш така сложено.

Пред да се појави официјално овој сајт јас пишав еден краток пост, своевидна најва и критика за нивното лого. Е, сега тој пост на пребарувачите се јавува секогаш некаде при врвот и луѓето често го кликаат. Нема тука ништо лошо, но во резултатите самиот сајт на Кирлица се појавува доста подолу.Еве нека биде тоа забелешка број 1. Сајтот се рекламира на тв и на билборди а онаму каде се добива војната не вложиле ништо: пребарувачите т.е. SEO – search engine optimization

Чекав да застане солидно на нозе па да се одврзам да пишам уште некој коментар за сајтот. Па еве ова нека е забелешка бр. 2: Типографијата на сајтот е благо речена лоша. Нема соодветна пропорција и дистинкција меѓу наслови, теми, наднаслови и сл.

Забелешка бр. 3: Многу празен простор, белина (добро некаде белината е црвена, жолта или плава 🙂 Едноставно не може да се дозволи да има толку мал наслов а онаму каде често се движи окото при читање да стои толкав празен простор.

Забелешка бр.4: Има рубрики кои (би требало да) комуницираат со публиката, а притоа никаде нама упатство, совет или директен контакт, што се очекува од нив. Мислам на одделот видео одговор и ти репортер.

Забелешка бр. 5: А може и да е најголема, нема RSS. News сајт без RSS – тешка работа во денешно време.

Има уште ситни, но не и неважни работи на кои им треба промена. Но основната причината за да ги пишам постов беше за да овозможам на оние кои пребаруваат „kirilica” „kirilica.com.mk” и сл. а слетуваат тука да прочитаат нешто што е во тек со настаните, бидејќи претходниот пост не нуди многу информации, а и башка стар е.

13 коментари на “Kirilica.com.mk епизода 2”

  1. Архео(б)лог

    Кој пушта денеска сајт у оптек без да изгори фид? Little strange I would say.

    Инаку на постов му фалат само уште тагови на ,, кирилица", па да биде гем-сет-меч. 🙂

  2. Dok

    1. SEO – да речеме не нашле човек тоа да им го среди. Знам дека не е оправдување, ама ете, да речеме тешко е да се најда саглам човек во Македонија да ти направи ЅЕО… ќе најдат некогаш, освен ако не бркаат рејтинг на Alexa 😉

    2, 3, 4 и 5. Колко што можам да видам http://www.index.hr им бил „manuel says” или кај нас попознат како „мисла водиља”. Ако е така, а така е (премногу е очигледно) нели би било помал грев да си направат културен copy/paste и оп троп сè да биде исто како кај хрватската им муза. Целиот дизајн ќе им бил покомпактен, ќе си имале RSS, коментари, конечно ќе ги откачеа задолжителните поднаслови, па ќе си туреа оцени ја статијава, па линкчиња до кајмакот, digg…

    Мене лично многу ме интересира што користат како CMS.

    Не знам која е точната приказна позади овој сајт, ама за жал се повторува познатат приказна на македонските медиуми. Ќе се дигне галама околу тоа колку некој сајт е многу добар (во случајов index.hr). Ќе се седне, ќе се штимаат бизнис-планови, дури и ќе се најде некој кој ќе ја проголта целата приказна и ќе фрсне паричка… На крај се добива некој квази-производ, кој доколку би имал некаква нормална конкуренција, не би преживеал ни 2 месеца на пазарот.

  3. dasaf

    SEO не се гледа со голо око. Тоа треба да се знае, па за да се направи. А со голо око се гледаат билбордите и тв-рекламите. Затоа и кога ќе отидат кај спонзорите нема да кажат: ние сме први на гугл ако напишеш весник, дај рекламирај се кај нас! Туку ќе кажат ние сме најдобрите – нели гледаш дека и по билборди не има… и овие ќе се нафатат 🙂

    А инаку рсс. Тоа денеска е… како да немаш сајт воопшто…

    Се сложувам со Dоk за индекс.хр лук-а-лајк. Тоа е ова истото што го спомнав, што се гледа со голо око – се прави. Другото…

  4. jovan

    еве уште некој кој размислува како кирилица односно индекс хр
    http://ohridnews.com

    а за кирилицава… авал да им е… речете што сакате ама побрзи од нив и со повеќе вести во еден ден ако најдете…

    немојте само да ми речете дека он нет идивиди или недајбоже кајгана редат повеќе… (за кајгана им го почитувам форумот… дефинитивно е најдбобар во државава)

  5. Darko Buldioski

    Таман работа, па дури и да редат, ни од далеку не се иста класа.

    Кирилица има редакција, уредници, новинари итн.

  6. jovan

    оооооооооооо кој стоел до касно на нет…хехехе

    тти го прегледувам блогов… има доста интересни работи… само напред 😀

    ама се е ок кај кирилица освен онаа со гласот како никола глуевски… не дека имам нешто против човеков или неа ама зш морат сегде по медиуми луѓе со говорна мана…

    пуштете некое видео од вестине на кирилица и ќе сватите шо зборвам…

  7. chaudiere gaz murale

    Excellent read, I just passed this onto a colleague who was doing some research on that. And he actually bought me lunch since I found it for him smile Thus let me rephrase that: Thank you for lunch!

  8. 7sultans live chat

    I think the admin of this web page is actually working hard in support of his site,
    for the reason that here every data is quality based stuff.

  9. league of legends cheater tool

    At present, Jamie Redknapp works as television pundit for Sky Sports.
    The key is to getting good farm with Q in lane so that
    late game, you will have enough AP to deal tons of damage.
    Master Troy Dorsey trained 4 to 6 hours a day, 360 days a year to get ready
    for his World Championship fights.

Коментарите се затворени.