Локалните кандидатите за градоначалници и употребата на Интернет комуникацијата

Метаморфозис излегоа со прелиминарни резултати од анализата на предизборните кампањи на кандидатите за градоначалници во 85 општини. Резултатите може да се гледаат и низ негативен агол, но и низ позитивен.

И покрај тоа што укажавме дека локални избори и локално осмислена кампања е најпогодна и најмногу може да има ефект сепак изгледа за такво нешто ќе почекаме до следните избори.

Ај да не должам, еве го неативниот наслов:

93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција

Еве го позитивниот:

Бројот на кандидати за градоначалници кои имаат свој веб-сајт зголемен за над 120%

Деталите од анализата може да ги прочитате на сајтот на Метаморфозис, коментар има на IT.com.mk a изворниот извешај го има и во HTML и PDF верзија.

На кратко, еве два од главните заклучоци:

  • бројот на објавени веб-сајтови е на многу ниско ниво (7%), при сепак се забележува минимален напредок во однос на претходните локални избори од 2005 година
  • Мнозинство од кандидатите што имаат веб-сајтови не покажуваат интерес за комуникација на повеќе од еден јазик


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in local, online, Society and tagged , , , . Bookmark the permalink.

4 коментари на "Локалните кандидатите за градоначалници и употребата на Интернет комуникацијата"

Коментирај!