Skip to content


Класична вест

Сподели

Од извори блиски на комуникации.нет дознаваме дека група експерти утврдиле дека нешто битно ќе се случи на медиумската сцена во Македонија. Познавачите ни потврдија дека Форум+ ќе менувал газда. Се зборува дека тимот ќе останел ист, со мали рокади но за политиката се уште не се знае.

- Во фаза се интензивни преговори околу трансферот – ни изјави еден член на преговарачкиот тим кој инсистираше на анонимност.

И додека железотo е топло (или додека е топката во воздух) да соопштиме дека една странска фирма која се занимава со истражувања од областа на медиумите пред извесно време во едно свое истражување констатирала дека во македонската медиумска сцена има една дупка која треба да се пополни. Наши дописници од Хрватска велат дека таму сè појасни биле информациите кои упатуваат кон хрватскиот неделник Globus како пополнувач на оваa дупка.

Толку за денес, и онака овде има премногу извори за во еден текст. Со повеќе детали читајте нè утре :)

Share @ Ping.mk

Може да те интересира:

Категории: local, print.


3 Коментари

  1. Владо Апостолов says

    Извори ти течат од сите страни :)

  2. strumjan says

    Ај сега назад и да ги исправиш сите печатни грешки!
    Бонус: ALT+0233 од нумеричката = é
    :)

  3. Струмјан says

    Ај да го „тупам“ до крај :)
    Тоа è што си го ставил не е правописното наше туку тоа што ти го пишав é.
    И сé уште се пишува вака, пак по правопис.
    Извини!



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.