Media & Marketing Blog

Новите медиуми
предизвик за идните новинари!

Јас малку си го сменив насловот, а подолу интегрално најавата од НВО Инфоцентар

НВО Инфоцентарот, во рамките на редовната соработка со Студиите по новинарство, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, утре (среда, 28 март), ќе започне серија работилници за студентите по новинарство.

Работилниците ќе бидат посветени на новите медиуми и таканареченото “граѓанско новинарство“. Идните новинари ќе имаат можност да се запознаат со блоговите и начинот на кој тие функционираат.

Едновремено, овие едукации ќе претставуваат можност студентите да се запознаат и со македонската блог заедницата, која е во подем и која е исклучително активна.

Работилниците ќе ги реализира Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми и активен блогер. На сесиите ќе присуствуваат и останати активни блогери, кои на студентите ќе им ги претстават своите искуства со новите медиуми.

Доколку некој сака да биде гостин и да го сподели своето блогерско искуство, бујрум. Ќе има минимум 3 работилници, по една неделно.