Media & Marketing Blog

За редизајнот на Facebook

Во неколку кратки наврати ветив дека ќе споделам збор два за редизајнот на FB и за рекациите поврзани околу него. Знам, темава е веќе бајата. Но тоа и ми беше и целта. За помалку од 10-тина дена (или можеби нешто повеќе за некого) дискусиите спласнаа. Прашање: Се навикнаа луѓето или си легнаа на брашното?

Како и да е, јас реков дека редизајнот ми се допаѓа (онака генерално, зошто не сум power корисник на FB па да навлегувам во детали). Она што ме мотивираше јавно да го споделам мојот став беше армијата на незадоволни корисници кои (веројатно) во најголем дел се поклопуваат со оние кои реагираа и на првата голeма промена кога всушност беше воведен т.н. newsfeed (stream).

Еве неколку точки на дискусија:

  • With the recent home page changes, we’re trying to present the right balance between what’s happening right now and what’s interesting over a longer period of time. …Responding to Your Feedback

Нормално за она што ќе се случува понатаму најголем дел од корисниците и немаат поим зошто не ги следат трендовите надовор од  FB, не знаат дека Twitter зема голем замав и дека FB имаше неуспешен обид да го кипи Twitter. Најголем дел од корисниците и не се оние кои ги креираат трендовите и кои умеат да кажат структурно што им недостасува.

Но да не биде дека FB и не ги прашале.

  • Before we launch any new product, it first must pass a process of design, development and testing with a more limited user audience. If those results are satisfactory, we then release it for all of you to use. …Responding to Your Feedback

Нормално ова е пишано во блог постот во кои тие се улижуваат кон оние кои реагирале негативно, но јас сум длабоко уверен дека точно знаеле што ќе им се случи, ако ништо друго ваква слична реакција имаше и кога го воведоа т.н. newsfeed (stream).

Robert Scoble објави одлична забелешка за потегов (ако не знаеш кој е човеков, прочитај збор два, важно е за приказнва :)

  • Zuckerberg is a real leader because he doesn’t care what anyone thinks. He’s going to do what he thinks is best for his business.

    Anyway, all those who are saying the new design sucks should NOT be listened to. Yeah, I know a lot of people are going to get mad at me for saying that. After all, how can a blogger say to not listen to the masses? Easy: I’ve seen the advice the masses are giving and most of it isn’t very good for Facebook’s business interests. …Why Facebook has never listened and why it definitely won’t start now

Новиот дизајн наликува многу на Twitter, а причината зошто е тоа добро во очите на нивните креатори е фактот што на овој сервис индивидуалните корисници и бизнисите коегзистираат и тоа прилиќно успешно. FB сака да заработи, а заработува од компаниите кои сакаат да комуницираат (читај продаваат). Во таа насока ќе стои се за да им овозможи подобра позиција на тие кои носат пари. Ако не си приметил и дизајнот на FB Page (страните) беше пред неколку недели исто така редизајниран во насока да личи повеќе на индивидуалните профили. За овој потег јас ум им благодарен, зошто сега очекувам намалкување на бројот на фирми кои ќе сакаат да ми станат пријател исто како што ми се пријатели моите пријатели.

  • Последнава точка на дискусија е всушност една теорија која со редизајнот FB ја избегнува, барем за некое време. Имено, оние првите корисници на сервисите т.н. early adopters или trendsetters се првите кои повлекуваат нога од еден сервис на друг во моментот кога нивната мрежа на контакти ќе се презасити. Тоа значи дека кога кругот на пријатели или луѓе со кои контактираат ќе го достигне нивото во кое поголем дел од комуникацијата е непотребна (спем) тие ќе се префрлат на друг сервис каде одново ќе ја креираат својата мрежа и ќе воспостава (повторно) поефективна комуникација. Ефектот од овој процес е секако опаѓање на популарноста на претходниов сервис

FB воведоа, со редизајнов, можност за следење на различни содржини во различни катекории, но и овозможија групирање на корисниците. Со други зборови овозможија да одберете на полесен и подостапен начин да управувате со својот news feed, за разлика од преходните глупи и крајно несфатливи слајдери. Сега по урнек на квалитетен feed reader можете да ги групирате информациите кои ги добивате.

Ете, доста е :)

Спонтана, импулсивна реакција на корисници на FB не е воопшто ретка појава, и сам сум бил сведок на неколку такви ситуации. Глобалнава хистерија е иста ваква реакција. Ај ќе помине, ќе си легнат на брашно сите, зошто после некое време, или ќе се навикнат или искрено ќе сфатат кои се предностите.

Во секој случај, јас не наидов на ниту еден корисник кој заради ова престанал да го користи сервисов.

Автор: Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика и се труди почесто да игра баскет.

2 коментари на “За редизајнот на Facebook”

  1. Дамјан

    Веќе видено сценарио… се бунеа корисниците и на претходниот изглед, и тоа масовно (на цело село)… но ете, го прифатија и сега го бараат назад кога им е претставен овој дизајн.

    Мојата прогноза: корисниците ќе го прифатат и засакаат и овој дизајн.

    Пишував 2-3 збора за претходниот дизајн, а од постот може да се види и како додека другите сервиси ги слушаат корисниците, додека Зукерберг "демек" си го почитува кажаното:
    http://www.it.com.mk/index.php/Damjan-Arsovski/E-

    Она "демек" го почитува и е прав лидер кој не ги слуша другите е чист булшит. Зошто мислам така: http://www.it.com.mk/index.php/Vesti/Svet/Faceboo

    п.с. Scoble ми е многу cheezy.

    Reply
  2. Darko Buldioski

    Ни јас нешто многу не го обожавам Scoble, веќе на такви фраери немаш поим дали можеш да им веруваш или не. Секогаш може да се добро платени за да пишат нешто :)

    За прифаќањето, воопшто нема потреба да се прогнозира, веќе е реалност тоа :)

    Reply

Leave a Reply

Твојата email адреса нема да биде објавена.