Media & Marketing Blog

[статистика] Комуникации.нет по 5 години

komunikaci_net_2

Уште еден пост во роденденската серија. Сеад во претходниот направи пресек низ содржината која ја објавивме на блогов иминативе 5 години, а јас сега ќе се обидам да објавам што е можно повеќе статистички детали. Нема некој посебен редослед и единствената цел со која ги објавуваме е обид да ја докомплетираме сликата за блогот во овие 5 години. Не мислам дека статистиката ќе може да ја долови улогата, постигнувањата и значењето на блогов но и тоа е нешто :).

komunikacii_net_1

  • Со овој пост има вкупно 1,295 блог постови
  • вкупно има објавено 2,488 коментари
  • сето ова е објавено во 35 категории и 1296 тагови
  • просечно објавуваме 21.6 пост секој месец (во минатото многу повеќе од денес 🙂
  • во просек еден пост има 160 зборови
  • во просек еден коментар има 25 зборови
  • блогот има 4 автори (Дарко 935 постови, Сеад 344, Мите 8  и Јана 7)
  • најкоментиран пост е Без пардон, a и без усул со 43 коментари и цела дебата во живо после него 🙂
  • втор најкоментиран пост е Весела интернет маркетинг математика со вкупно 28 коментари
  • најсподелуван пост на Facebook е постот Хипократ или Хипокрит? со регистрирани 212 споделувања
  • Најпосетуван пост е 5 причини зошто 1001 ноќ е хит со повеќе од 2,000 посети
  • Блогот смени 5 дизјани, 2 додека беше на  .blogspot и ова е третиот тука откако блогот е на сопствен WordPress

ADLog
Со цел да се промовира локална (и регионална) адвертајзинг креатива со еден пријател во јануари 2008 го направивме првиот огранок на овој блог: ADLog. Малку подоцна кон него се придружи и Маријан ама како што се гледа не ни одеше баш добро. Не успеавме да воспоставиме квалитетни контакти со локалните и регионалните креативци, па така овој блог по 42 објавени поста остана да собира прашина. Не се знае, може сега ќе имаме повеќе сили и ќе успееме да собираме повеќе локални креативи. Секој доброволец кој сака и може да помогне е добредојден.

eMarketing
Вториот огранок на комуникации.нет е блогот за Интернет Маркетинг кој го пишуваме јас и Нате. На него од август 2009 година до сега имаме објавено 42 поста и има собрано околу 120 коментари. Оваа тема беше составен дел од овој блог, но после некое време осетивме потреба да ја одвоиме и да и посветиме поголемо внимание, а и мораше да и обезбедиме на Нате доволно простор 🙂

НЕ ЗАБОРАВАЈ!
Роденденов ќе го одбележиме во вторник на 30. март. За маркетинг на социјални медиуми гостински настап ќе има Небојша – @eniac. Повеќе детали на: Комуникации.нет – 5 години

4 коментари на “[статистика] Комуникации.нет по 5 години”

  1. Goran

    Neka vi se mnozat godinite na Komunikacii.net :-).

    Koga analizata i kvalitetot na informacii na mainstream 9starite) mediumi bi bila na vase nivo, kade bi ni bil krajot :-).

    Poddrska da go odrzite nivoto na kvalitetot i postojanosta vo vasite komentari i informacii.

Коментарите се затворени.