МРТВ вести во ново руво

Она што беше најавувано од МРТВ и од локалните медиуми долж минатата недела се случи денес, имено „Дневникот“ на јавниот сервис го смени своето руво и со нов концепт ги заблисна нашите тв-екрани:

Македонската телевизија од понеделник ќе почне да ја емитува централната информативна емисија ТВ дневник со нова концепциска шема, со двајца водители и со нова сценографија. Во МТВ најавуваат неколку познати лица како нови водители на вестите, за со кои очекуваат дека ќе привлечат поголем број гледачи… повеќе.

Казуални (casual) забелешки: (1) нови водители (барем денес) немаше, истите глави и гласови, (2) први гости беа претставници од Владата (пример, Министер за Правда) со што најавениот „нов концепт“ прилично се поткопува и сигнализира дека самите промени се правени (можеби) под политичка иницијатива, да не кажеме притисок, тоа секако би бил пресилен збор :) (3) па ако тие бившите мораа да одберат „сино“ (плаво-плаво-баш плаво) како боја на студиото, зарем и овие промени мораа да бидат политички индикативни во однос на бојата, не дека црвено не е убава боја :) Толку засега, а ако има и позитивни промени и напредувања, секако и тие ќе бидат спомнати.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

1 коментар на "МРТВ вести во ново руво"

Коментирај!