Media & Marketing Blog

Инфонет – Македонски електронски весник


Веќе неколку недели на радио слушам реклама за овој нов весник и никако да ми текне да го посетам.

Па еве конечно ми текна да го посетам и да го споделам со вас. Има xml 🙂

4 коментари на “Инфонет – Македонски електронски весник”

  1. Развигор

    И имам слушнато реклами за нешто како „прв македонски е-весник“. 🙂

    Македонската публика ептен ја направија чесна ороспија – секој нов ваков веб-сајт ѝ e прв. 😉

    Башка, ставиле „ексклузивно веб интервју“ со Елена, што во превод значи дека Елена им дала ним интервју кое тие го објавуваат на нивниот веб и на ниедно друго место. Интервјуто е исто така непотпишано, што имплицира дека редакцијата е автор. Арно ама, од прашањата се гледа дека интервјуто го има направено некој Грк („Имаш ли некои награди, признанија во твојата држава?“). А до изворот, ни линк, ни бутур.

  2. Darko156

    Јас се израдував дека има време кога се објавени текстовите 🙂

    Едно не ми е јасно зошто ваквите проекти прво не се обидат да соберат барем една платена реклама па после да го стартуваат медиумот,

    Вака индиректно се осудени на неквалитет и лош старт, иако ми се чини дека инфонет има солидна основа за да биде добар онлајн медиум, тука не мислам на содржините туку концепциски

  3. Gjole

    Баш сега го погледнав — и да ви кажам право ми личи на една гол банер за City Radio – башка и темплејтот им е малце збунувачки.

    п.с. Дарко ај части еден линк за фото-блогчево мое – (http://photo-soulz.blogspot.com/) , почињам да го разработувам сеа 🙂

  4. Anonymous

    abe slusam reklami i si vikam daj da vidam so e to infonet, plus gi citam komentarite za nego i go razgledav. dobro e organiziran a cisto da se navrzam na komentarot na razvigor koj go spomnuva intervjuto so elena mi tamu ubavo stoi deka grckite vesnici go objavija prvoto web intervju so nasata pretstavnicaka, neznam zosto ne go videl…a i drugo procitav tamu a i na reklamata so ja slusnav se potencira deka stanuva zbor za makedonski elektronski vesnik. mi imat dnevni vesti i toa sekakvi od poveke oblasti, ako toa ne pretstavuva sekojdnevnik neznam togas so e…

Коментарите се затворени.