Media & Marketing Blog

МРТВ вести во ново руво

Она што беше најавувано од МРТВ и од локалните медиуми долж минатата недела се случи денес, имено „Дневникот“ на јавниот сервис го смени своето руво и со нов концепт ги заблисна нашите тв-екрани:

Македонската телевизија од понеделник ќе почне да ја емитува централната информативна емисија ТВ дневник со нова концепциска шема, со двајца водители и со нова сценографија. Во МТВ најавуваат неколку познати лица како нови водители на вестите, за со кои очекуваат дека ќе привлечат поголем број гледачи… повеќе.

Казуални (casual) забелешки: (1) нови водители (барем денес) немаше, истите глави и гласови, (2) први гости беа претставници од Владата (пример, Министер за Правда) со што најавениот „нов концепт“ прилично се поткопува и сигнализира дека самите промени се правени (можеби) под политичка иницијатива, да не кажеме притисок, тоа секако би бил пресилен збор 🙂 (3) па ако тие бившите мораа да одберат „сино“ (плаво-плаво-баш плаво) како боја на студиото, зарем и овие промени мораа да бидат политички индикативни во однос на бојата, не дека црвено не е убава боја 🙂 Толку засега, а ако има и позитивни промени и напредувања, секако и тие ќе бидат спомнати.

2 коментари на “МРТВ вести во ново руво”

Коментарите се затворени.