Media & Marketing Blog

Digital Day по трет пат во Белград

IAB Србија трета година по ред ја организира Digital Day, конференција за дигитален маркетинг. Оваа година конференцијата ќе се одржи на 14ти мај, повторно во домот на млади во Белград.

Минатогодишниот настан навистина обезбеди достојни имиња за настан од тој ранг, но она што е поважно и ново е дека поттикна формирање на IAB.mk (официјално претставена на AllWeb.mk), здружение кое посветено и активно работи на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија.

logoDigitalDay2014

Овогодинешниот настан повторно ветува големи светски имиња, експерти во областа на дигиталното огласување. Темата за оваа година е огласување во мултискрин ера, однсно ера на повеќе екрани.

Досега се потврдени 13 имиња на предвачи меѓу кои: Alison Fennah, Vice President, Research and Marketing (IAB Europe);  Tom Bowman, Vice President, Strategy & Operations, Global Advertising Sales (BBC Worldwide); Andy Chen, CEO (Preview Networks); Caroline Henne, Regional Business Development Director Digital Market Intelligence CEE-META (GfK).

Исто така најавен е и централен панел на тема „Професионално управување на дигитални кампањи во Србија„ на кој ќе учествуваат истакнати експерти на српскиот пазар, претставници од компании како што се: Httpool, Direct Media, Ringier Axel Springer, Fastbridge, Telegraf, Color Press Group, ERSTE Bank итн.

Погледнете ја деталната агенда и распоред како и детално инфо за предавачите на настанот.

Ние и оваа година ќе бидеме таму, а вие ако планирате да одите пријавете го своето учество. Котизацијата до 7 април е 55 евра, а потоа 65 и 75 евра.