Ни тргна деновиве со кратки смешни клипови. Денес го гледав интевјуто на Stephen Colbert со еден од основачите на Twitter, Biz Stone.
Точно на 3-тата минута од видеото, и нешто потоа, на едноставен начин е прикажана прикана поврзаноста на технологијата и човекот. И се одговара на прашањето што на што влијае. Во теоријата попознато како технолошки детермнинизам. Нема да гњавам многу со детерминизмов :) доста ги замарам студентите :). Погледни го видеото и ќе видиш дека е крајно едноставна работа.
| The Colbert Report | Mon – Thurs 11:30pm / 10:30c | |||
| Biz Stone | ||||
|
||||
Патем, истата работа ја слушнав и кога бев дел од еден настан каде се реализираше видео конференциска конекција со еден од основачите на Netlog, најголемата Европска друштвена мрежа. Запрашан за почетоците и идеата при создавањето (патем основани се 2001), тој рече: Ние не сакавме да направиме друштвена мрежа, ние на корисниците им овозможивме да креираат свои лични профили/страници. Имаше можност да се остави коментар и тие почнаа да го користат тоа на различни начини. Оттогаш самата употреба на сервисот не водеше за насоките во кои треба да го развиваме.



