Media & Marketing Blog

Извештај за навремено предупредување

Во недела 09.04 ќе ме има на ТВ. Во емисијата на Иван С. Мирчевски “Не заспивај сега” верувале вие или не 🙂

Темата му беше насловена “Интернет манија” a јас бев таму како блогер и до некаде студент по комуникации, но пред се како блогер.

Покарај мене присутни беа Славе Младеновски – социолог, Митник Ситник – култен МК интернет корисник, и Петар – новинар во Македонско Радио (МР).

Веднаш ви кажувам да не очекувате премногу иако имаше интересна дискусија. Не се одеше премногу длабоко бидејќи темата беше преопшта, зачнати беа многу болни рани но спомнати беа и убави работи.

Јас не си ги дочекав поштено моите 5 минути на тема блогови но Иван вети дека ќе се врати во посебна емисија специално на блоговите.

Значи уште едно предупредување Недела, МТВ 1 Програма 20:45 – мојата жртва на национално ниво во име на МБЗ 🙂

btw бидејќи таму не спомнав нити еден блог (освен мојот) и ниту еден заслужен за блоговите овде му се заблагодарувам на Филип а за останати во некоја следна прилика 🙁

14 коментари на “Извештај за навремено предупредување”

  1. Gjole

    Абе супер шо ке те има на телевизија — ама зошто мораше кај Иван С. Мричевски? :-))

    …многу антипатичен тв лик ми е тој, али да видиме – можда вие сте го извадиле малку од малку у емисијата…

  2. GoodBytes

    Ќе се потрудам да ја гледам емисијата. Емисиите НЗС на Иван се од забавен карактер и не можам да се сетам (додуша не ни гледам) кога се направил некој поасолен муабет кај него во емисија.

    Но, ќе гледам најмногу заради тебе. 🙂

  3. Wolf

    Здраво. Прв пат го гледам твојот блог и мислам дека е супер. Те гледав во еимисијата на Иван и импресиониран сум од твоите познавања од нетот. Те ставам во Блогрол. Поздрав

    Пс. не се секирај ке дојде времето и на блогерите.

  4. Вампир

    Само што заврши емисијата. Штета за твоето и времето на некои од гостите. Намерно велам некои, зашто Ситник (кого ти го најави како Митник) пак се заќумури, како по обичај. Јаготка на шлагот беше дека „некој мора да седи 8 саати пред компјутер, чекајќи мејл. Освен ако нема програма што тоа ќе му го најави“. Каков моронизам! Башка што вас блогерите сите ве направи дунстери за веб сајтови („веб страници“, како што он со големото му го искуство ги нарече), па сте отвориле блогови затоа што сте почетници… А домаќинот ви, како и секогаш кога ќе се принудам да му ја гледам емисијата поради темата, пак е не само неинформиран за темата која сам ја задава, туку му е многу поважно да се покаже како вицкаст и да си раскаже некоја своја приказна. Страшно, за што ние плаќаме ебана претплата…

  5. Shepard

    даре, ја ќе се произнесам у пост, а ти да се потрудиш да им го доставиш..

    само оној со тефтерот беше океј..

    али, СРАЊЕ бре, чоече, ајде у камено доба да се вратиме..

    мислам, смирчевски коа се разгроперета.. аааааааа!!!

  6. Darko156

    Шo да ви кажам момци тоа е.

    Јас се повлеков едно време, едноставно не ми беше предизвик да објаснувам сега што и како од почеток до крај.

    Но што е тука е, јас ја дадов својата национална жртва, се надевам дека ќе има втора емисија и дека ќе успееме да проговориме сите заедно за позитивните работи

    Фала за подршката

    Во крајна линија блоговите се спомнаа на национална телевизија, и тоа е нешто

  7. marija

    Imav prilika da ja gledam emisijata Ne Zaspivaj Sega i da ti kazam izlegov vo grad pa zatoa duri sega ti pisuvam iako imav namera odma da sednam.
    Prvo, me isprovocira ti licno so tvoeto odnesuvanje, neznaenje i arogancija, koja otakako gi provieriv ovie podatoci, vidov deka si apsoluten lazgo i ke ti preporacam da ne odis na postdiplomski studii i na slednata emisija zatoa sto jas nemam namera da ucam od takvi kako tebe.
    Za potvrda, kolku ti neznaes proveri go sledniov link http://www.blogger.com/about

    hahaha cao ushle

  8. Darko

    Bravo Dare, odlicen nastap ama kako sto kaza Sitnik oficijalno blogot zapocna vo 1999 godina zatoa sto i na oficijalnata strana http://www.blockstar.com/blog/blog_timeline.html ubavo e objasneto citiram: "Like with the start of many things, early bloggers did not have a name for what they were doing."
    Koga se kazuvaat podatoci sekogas treba da gi sledis oficijalnite raboti.
    Vo sekoj slucaj emisijata bese odlicna i site bevte dobri pa taka jas po vasa zasluga si imam veke svoja web strana bez da plakam nekomu i so nikakvo informaticko znaenje.

    Tvoj imenjak Darko

  9. Darko156

    Апсолутно не чувствувам потреба да објаснувам од кога постои блогот и како се развил.

    Не заслужувате.

    Прво ве молам информирајте се што е тоа блог т.е. weblog па откријте кој го создал тој термин па кој бил условно речено првиот блог и така натаму, а после тоа вратете се тука и ќе правиме муабет.

  10. Shepard

    маро мори, ти за блогер сервисот збориш, маро мори! маро бе, дај бе, еве, еве маро бе, да почиташ малце, па да се извиниш за ад хоминем навредите, а после и за глупоста!

    даре, терај. иначе, МИТНИК :))))))))

  11. DeeJay

    Не ја гледав емисијата, сум заспал. 🙂
    Џеј кеј. 😉

    – Многу темни теми „обработувавте“.
    – Повозрасните беа со застарени сфаќања, иако се кажуваат дека работаат по Телекомуникации и сл.
    – Иван ко Иван, вицкаст и кај треба и кај нетреба. Слабо знаење имаше од темата.
    – Дарко, ти беше ОК, но требаше троа повеќе да земеш од колачот наречен муабет. 🙂
    – Како и да е, се дозна нешто и за блогот.

    • Sunny

      I sit here tonight of June 19th-2010 with tears in my eyes because I was told I had breast cancer back in 2008 and had my mayotctems. In June of 2009 I found another lump in the same area I had my breast remove which means more treatments of radation I had 20 treatments and once again believed I was cancer free. I am now into June of 2010 and was told on June 11th-2010 that my breast cancer had spread to my lungs and I now have lung cancer back to the drawing board with more chemo treatments.

  12. Sead

    Дарко, мислам дека водителот беше премногу „нафуран“ да го оцрни интернетот и да ги прогласи сите кои се некако поврзано со него како социопати, плус на тоа додадена неговата површност и непознавање на повеѓето темите. Имаше и учесници кои се однесуваа малку „ретро“ (не ти, да не именувам)и тоа…се на се, добро е емисии за вакви теми да станат се побројни и поприродни за дискутирање. Наредниот ден имаше прилог во утринска програма ан Сител на која дури и двата водитела, една мислам дека ни е и колешка дури, се утепаа од критикување на играњето компјутерски игри кај децата. Мејнстрим размислувањето, барем кај нас, е тотално „технофобско“ и треба малку да се балансираат работите, светот едноставно се менува.

    ps: Koja ti e ovaa M. sigurno nekoja sto mnogu te sakala u sredno, pa sega ti servira "tough-love" :).

  13. Moby

    Оваа Марија е изгледа женското алтер-его на тој ситник-митник-скитник не знам како се нарекува
    хахахаха

Коментарите се затворени.