Македонските медиуми се борат со замислен противник

NewsAggregatorКога за прв пат организиарано се одгласија „потписниците” почнав да пишувам пост, па се испишманив. Тогаш It.com.mk имаа фин осврт, додадов неколку коментари и твитови и навистина не почувствува потреба да го повторувам истото уште еднаш.

Деновиве „потписниците” овој пат во поширок, состав се одгласија уште еднаш, со поспастрена препорака. Си се договориле тие и решиле сами да направат договор кој треба да го почитуваат две страни, а тие се само едната страна, малку нелогично, но ајде, нека биде така. Нелогично е зошто за дел од наведените работи не ги заштитува ниту еден закон, а ако не им се потпише другата страна договорт не им важи. Ова е онолку колку што јас се разбирам во право, може и да немам право :).

Начелата кои ги наложуваат воопшто немам намера да ги коментирам едно по едно, патем Новица одлично го сторил тоа во денешниот пост Кучето и триковите:

Лекцијата што треба да се запамети е дека секогаш кога една индустрија ќе се најде пред пораз од …. новите услови на пазарот, таа се крие зад регулација која често изгледа апсурдно.

Она што сакам да го констатирам, и јас, е тажната слика која уште еднаш сами за себе си ја креираат локалните медиуми. Со начинот на кој решиле да се справуваат само уште еднаш покажуваат дека не го сфаќаат сегашниот медиумски еко-систем.

Да се разбереме, не велам дека не треба да се борат против ситуации во кои некои медиуми им ја зимаат содржината и заработуваат на тоа без притоа да им носат нив корист. Да, треба да се борат против тоа, но треба да се борат со еден аршин за сите. Сепак, во борбата мора да се прави разлика меѓу различните медиуми и практики. Овде секако мислам на борбата со замислениот противник: агрегаторите.

Наместо да се обидуваат сами на себе да си ја припишат целата заслуга не ми е јасно зошто никој не седна и не се запраша:

- Како работи алгоритмот на агреготорот?
- Како јас почесто да бидам прв таму?
- Како да го оптимизирам насловот за да кликаат на мојот а не на оној на другиот медиум?
- Како да подготвам соодветен текст кој ќе се појави како извадок и ќе го измотивира корисникот да кликне токму на мојот линк?
- Која фотографија да ја употребам за да биде најпримамливата во кластерот на слични вести?
- Кога да ја објавам оваа вест?
- Како читателот ја чита/скенира мојата содржина?
- Што да му понудам за да се врзе со мојот бренд, да го осети како свој и да клика одма на мојата вест штом ќе ја види, каде било.
- Што да му понудам за да доаѓа почесто на мојот сајт?
- Како да воспоставам поефективна комуникација и да изградам поголема доверба со крисникот?

Се додека се однесуваат како деца на кои им ја украле топката не може да очекуваат почит. Треба да седнат и со работа да докажат дека има зошто да се посетуваат. Дотогаш, може да си „плачат” колку сакаат. Денес производството на информации не е исто како и порано.

@Новица, ги броев карактерите, ама немам писмена согласност :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Journalism, local, News, online, print and tagged , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

19 коментари на "Македонските медиуми се борат со замислен противник"

Коментирај!