Media & Marketing Blog

Што е поважно: моменталното искуство или неговото споделување?

photo by Scott Ableman

photo by Scott Ableman @flickr

Веќе некое време не чувствувам потреба да носам фото апарат кога одам на концерт или некој друг настан. Не чувствувам потреба зошто знам дека нема да имам мотивација или услови да направам некоја квалитетна фотографија но најмногу од се не носам зошто знам дека наместо да уживам во настанот јас ќе уживам во создавањето на материјал кој подоцна ќе можам полесно да го споделам.

И нормално цело време размислуваме на тоа, дури и пред да појдеме, си мислиме како и со кого ќе го споделиме моменталното искуство. Понекогаш ми се чини дека ако не споделиш со некој кој не е таму исто (демек) како да не си бил/уживал.

photo by ames Cridland @flickr

photo by ames Cridland @flickr

На следиот голем настан, концерт или слично погледнете наоколу колку од луѓето се со своите (високо кренати) телефони во рака. Помислете си дали и тие не го следат настанот што се случува пред нив низ малите екрани со луда резолуција и невидени милиони бои?

Благодарение на Новица, еве едно кратко но слатко видео од TED кое се однесува токму на овој феномен.

Доколку те бендиса видеово, појди на Кајмакот и кликни еден глас.

Јас се обидувам да си ја зачувам способноста на мојов мозок да памти искуства, визуелни аудио и сл. Фотографии и аудио записи ќе гледам подоцна, да не велам дека не треба да се забележува ништо, ама сепак, не треба да заборавиме дека личното доживување е прво за себе после за другите.

4 коментари на “Што е поважно: моменталното искуство или неговото споделување?”

  1. Dare

    Супер содржина и порака…и супер блог.

    Камо среќа повеќево Македонци да се интересираа за вакви содржини отколку за најновото што и се десило на Лохан или Каролина.

    But…како и да е продолжете со супер содржините 🙂

  2. #споделидобрина – Добро. А зошто споделуваме? | Saopštenja za javnost

    […] Има неколку постови тука на блогов кои ми се врежани длабоко и кои секогаш со милина во душата ги споделувам или референцирам кон нив кога сакам да влезам во некој муабет. Еден од нив e и: Што е поважно: моменталното искуство или неговото спод… […]

Коментарите се затворени.