Media & Marketing Blog

Новини во изгледот на вестите онлајн

Како и секогаш, иднината ја најавуваат малите експериментални обиди кои храбро воведуваат новини. Така беше и со integrated newsroom пред неколку години кога во Данска се правеа првите обиди, а еве сега едни Холанѓани воведуваат новини во објавувањето вести онлајн.

Сајтот En.nl (на Wilbert Baan, interaction designer во Холандскиот весникde Volkskrant) испробува нова структура и динамика на претставувањето на вестите.

Главните две новини се горниот елемент каде најчесто има реклами или лого, кој сега е заменет со динамична содржина која ја прикажува динамиката на објава на вести по часови, и вториот елемент е оној од десно каде се појавуваат најновите, или вестите разделени по час.

Како што вели Paul Bradshaw, ова е culture shift #1, дополнет со најактуелните слики, видеа, или букмарзи поврзани со темата, потоа најчитаните и најкоментирани вести и сл. поставени под секоја вест.
Culture shift #2: Еден елемент досега познат и употребуван само кај блоговите, со мали други исклучоци – incoming links – линкови кои упатуваат кон соодветната вест, и оп, овој news сајт одеднаш станува дел од онлајн конверзацијата.

Развојот не застанува тука. Следните чекори и планови на креаторот се:

Wilbert’s next step is building a community that can contribute to make this website better with ideas or criticism. The newspaper is already conducting a conversation with readers on a NING social network where users can contribute new ideas and discuss the website (in Dutch), but clearly this is just the start.

“For example we could connect a popular social network to the website and use what your network reads to alter the presentation of the news. Or make section pages, or a frontpage?

Wilbert не пропушта да истакне дека ваквата игра и модифицирање е овозможено од специфичниот/отворен тип на датабаза која ја направиле.

И нешто што и Paul го додал подоцна а исто така воведува нови сегменти во „манипулацијата” со вести/информации:

Wilbert writes: “We have added feeds for every tag, latest news and breaking news. We have also added a personal feed that can be created by selecting the tags you like or don’t like. Very rudimentary, but it is a first experiment with personalization (My feed: http://en.nl/en/my_rss.php?editorId=3) and you can take it anywhere you want.

“With these feeds we are encouraging developers to experiment with news sorting and make their own interface or mash-up.”

Се разбира, дел од овие работи веќе се присутни онлајн, комбинирањето на фидови, trackback и сл. но сепак начинот на нивната употреба може да отвори ново поле во развојот на онлајн news сајтовите, генерално.

5 коментари на “Новини во изгледот на вестите онлајн”

  1. Anonymous

    Ќе го разгледам сајтот викендов повнимателно, макар што не разбирам холандски, меѓутоа мислам дека динамиката на вести по саат е комплетно беззначаен елемент за некој сајт за вести.

  2. Darko Buldioski

    Види, ова е само експеримент. Ни јас не мислам дека поделбата по саат е нешто важно или револуционерно, но интересна е промената на организацијата на вестите и поврзувањето на исите со остатокот од светот.

    Можеби накому ќе му се родат нови идеи во иднина.

    Патем, ај нека ви се со среќа коментарите. Денес видов дека сте ставиле 🙂

  3. Jeton

    Поврзано со ова, интересен експеримент во врска со Гардијан онлајн има направен и овој сајт, специфично еве еден интересен пост:
    http://www.designingthenews.com/2008/04/09/one-we

    Сајтот е полн со навистин убави визуализации. Можеби и вака треба да бидат вестите? 😉

    Барем некои.

Коментарите се затворени.