Media & Marketing Blog

[Подкаст #62] со Sвездан Георгиевски

zvezdan-georgievski

Директен повод за гостувањето на Sвездан Георгиевски беше неговиот текст на тема #Жерновски објавен на Окно.мк. Со Sвездан разговаравме за моќта на локалната твитер заедница, за политичката комуникација на интернет за политика на Facebook и нешто малку поопшто околу медиумите и новинарството.

На моменти малку излегувавме од темите, тзатеравме малку повеќе накај политика, но се на се фин муабет кој вреди да се слушне, особено е вредно да се слушне ако се земе предвид дека Sвездан, сега за сега, е повеќе посматрач на твитер активностите во МК а не и директен учесник, што во исто време го става и во подобра и во полоша позиција за коментирање на тековите таму.