Quo vadis МРТВ?

Нема ништо да коментирам, мрчам, иронизирам, дрндам, солам, трујам, звоцкам, распливнувам, само ќе се обидам телеграфски да ја џитнам темава у блогосферава:

Програмскиот колегиум на Македонската телевизија заседаваше вчера заедно со в.д. уредникот на првиот сервис на МТВ, Татјана Стојчевска, откако извршниот директор Борис Ставров пред неколку дена потпиша договор за емитување на серијата „К-15“ на националниот јавен сервис и најави уште неколку приватни проекти…

Ова е реакцијата на Програмскиот колегиум на Македонската телевизија: „Колегиумот на Македонската телевизија треба да одлучува каква ќе биде програмата на јавниот сервис, а не извршниот директор Борис Ставров или советникот Сајовиц. Тие не треба да прават упади во програмската шема без да имаат мислење од Програмскиот колегиум на првиот сервис на Македонската телевизија и не можат да набавуваат филмови и серии. Македонската телевизија не смее да дозволи и понатаму да биде профитерска куќа за одредена група луѓе, ниту пак во јавниот сервис да се создава база за да по еден или два месеца да се прогласува технолошки вишок“…Програмскиот колегиум вчера соопшти дека дал начелна согласност за договорот со „К-15“, но немале увид во финансискиот дел од договорот. Затоа изразуваат сомневање во финансиската оправданост на договорот и тоа во време кога Македонската радио-телевизија нема елементарни услови за работа.

Не, сепак не можам да додржам и ќе коментирам :) Изгледа дека некој во јавниот сервис повторно се загрижил за програмската шема по некоја волшебна коинциденција тогаш кога не се разбрале добро околу парите. Патетика. Кој знае кај ќе беа сега Словенците, Хрватите и Босанците вака да си ја чуваа програмската шема на јавниот сервис. A на нашата државна сателитска докумeнтарец од 1975 за Свирипичино, а потоа студиски концерт на Калиопи од 1983 (must see TV :).

Во сосема неврзана вест следниот линк:

Експертите предупредуваат за исчезнување на ретките видови говеда


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

4 коментари на "Quo vadis МРТВ?"

Коментирај!