Media & Marketing Blog

Chatroulette

Кога негде веднаш по Нова година, со Дарко и Филип бевме гости во Студио 2 кај Александар Чомовски, новинарот нè праша „Што е следното, по Фејзбук и Твитер, на планот на интернет трендовите?“. Ние нешто и загатнавме, во обид да одговориме (мобилна интернет комуникација, мулти-платформи ала Google Wave, аугментирана реалност…), но реалноста повторно нè „издрибла“ и ни го фрли на маса „Chatroulette“.

Што е Chatroulettе?

Едноставно кажано се работи за „видео-чат сервис“ на кој по пат на случаен (автоматизиран)  избор имате можност да муабетите онлајн со другите корисници на овој сервис, или игра, како што велат неговите сопственици. Лично ми се допадна описот на новинарката на „ABC“ која вели „Наместо да сурфате интернет страници, овде луѓето сурфаат низ животите на други луѓе“.

За да интернетот остане доследен на својата комплексност и контроверзност, веднаш се погрижија и корисниците на „Chatroulettе“. За сериозните теми, на хумористичен и саркастичен начин, преку видеото на Џон Стјуарт (Jon Stewart):

The Daily Show With Jon Stewart Mon – Thurs 11p / 10c
Tech-Talch – Chatroulette
www.thedailyshow.com
Daily Show Full Episodes Political Humor Tea Party

Конечно, благодарение на Јован, го најдов и следното прилично упатно и полезно видео:

chat roulette from Casey Neistat on Vimeo.

Што да се каже на крај за оваа нова интернет-фама? Се добива впечаток дека виралноста, која му е инхерентна на интернетот како (мета)медиум, овој пат целосно се пресликува и на самата лице-в-лице комуникација. Како да се работи за заразно вирално бош муабетење со целосно непознати лица, кои, исто како и вие, се љубопитни да комуницираат со непознати или пак се желни за егзибиционизам.

Во посериозна смисла овде може да се начне темата дека интернет комуникацијата, не само што го отсликува реалниот живот, и она што сме, туку наведува да експериментираме со себе си и поттикнува да истакнеме некои свои поттиснати потреби, мотиви, желби или намери. Со други зборови да го инструментализираме интернетот, преку овој сервис, како издувен вентил и дис-инхибитор.

6 коментари на “Chatroulette”

  1. sead93

    Не можев никако да го најдам :((( Ако имаш негде линк, или Анастас, ќе го ставам веднаш.

  2. sead93

    @darko156: Го стајф, да не плачеш :)) Јас го барав на „јубито“, се покршив од барање, изумив дека беше качено на Vimeo :)) Фала и до Јован!

Коментарите се затворени.