Што може да се очекува од А1.com.mk

Од неодамна А1.com.mk воведе коментари на својата страна. Веќе има опција за споделување или како што тие ја нарекуваат, разгласување преку Кајмак.от, но што би можеле да очекуваме во иднина.

  1. A1.com.mkПокрај листите на најчитана и најгледана сторија, верувам дека во блиска иднина ќе се додаде и најкоментирана.
  2. Покрај можноста за пријава на сториите на кјамак.от може да се додаде и беџ или некакво обележје за секоја сторија која е пријавена таму и колку гласови добила
  3. Може да се воведе дополнителна навигација, со употреба на тагови, или клучни зборови.
  4. Може да се разгледа можноста во иднина да се овозможи регистрирање на корисници, и истите да коментираат континуирано со ист идентитет, како начин на подобрување на дебатата и намалување на потребата од рачно филтрирање на коментарите.
  5. Можеби може да се додаде некоја опција за текст искуцан во коментарите на латиница автоматски да се конвертира во латиница, како би им се овозможило на оние кои не користат кирилична подршка, да ги следат правилата за коментирање.
  6. Линкови до оваа вест – под секоја статија/вест да се стави листа до други сајтови или блогови кои се имаат повикано или има упатено кон соодветната вест.

Доста се :) Листава е предлог на идеи, а не забелешки. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат. Има уште некои можни содржини ама ќе ги оставам за некоја следна прилика.

Има некој некакви други желби?

Знам дека Стеван, го чита блогов, па може ќе му бидеме од корист :)


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Online and tagged , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

5 коментари на "Што може да се очекува од А1.com.mk"

Коментирај!