Media & Marketing Blog

7 Најголеми предизвици за вашата AdWords кампања

Во секојдневното управување со кампањите на платформата за рекламирање на Google, се соочуваме со голем број на предизвици кои ја прават клучната разликата помеѓу тоа дали нашата кампања ќе биде само добра или добра и профитабилна.

Предизвик 1: Дали твојата кампања има публика

Еден од основните предизвици е првичното таргетирање на соодветна публика. Многу често ги стартуваме кампањите без добро да ја истражиме целната публика, со надеж дека ќе ги погодиме клучните зборови на интуиција или дека Google сам ќе поведе сметка за соодветно да ги пласира банерите.

Во двата случаи ќе се соочиме или со мал број на посети или со недоволно квалитетни посети. Затоа темелното истражување на клучните зборови, потенцијалните пласмани или интересите на целната група е задолжително.

Предизвик 2: Дали твојата понуда по клик е оптимална или превисока

Повисока понуда може да значи поквалитетна позиција, повеќе кликови и подобар Quality score со текот на времето, што понатаму ќе ја намали цената на кликот. Но може и брзо да ви го потроши буџетот.

Балансирањето на цената која ви е соодветна по клик бара малку повеќе труд од поставување „од тепка“. Една од равенките која може да ви помогне е следнава:

Max CPC = (просечен профит по клиент) x (conversion rate) x (1 – маргината на профитот).

Предизвик 3: Да се оддржи чекорот со конкуренцијата

Во Македонија ова сега за сега и не е некој предизвик, но прашање на време е кога ќе бидете изненадени од позициите на конкурентскиот бизнис и ќе сакате да дознаете многу повеќе за клучните зборови кои ги користат, креативите, буџетите и слично. Во ова можат да ви помогнат алатките за истражување на конкуренцијата како SpyFu или KeywordSpy.

Предизвик 4: Да се каже сѐ во ограничен број карактери

Ограничени карактери во насловот, исто и во телото на рекламата – ограничена можност да го претставите вашиот продукт и сите негови предности. Затоа AdWords нуди сѐ повеќе и повеќе варијанти како да пренесете што повеќе информација – callout екстензии, sitelinks, број за повикување и слично. Познавањето на сите овие опции ќе ви помогне да пренесете повеќе информација до крајните корисници.

Предивик 5: Да се мерат конверзиите

Без мерењето на конверзии немате можност за реален увид во квалитетот на сообраќајот кој го носат вашите реклами кон вашиот сајт. Дополнително, без следење на конверзии ограничени ви се можностите во однос на видот на кампањите што ќе ги креирате (CPA, Enhanced CPC), во однос на креирањето lookalike и remarketing публика, како и во пресметувањето на реалниот ROI на вашите кампањи.

Затоа уште пред поставувањето на кампањата, размислувајте кои се активностите од корист за вашиот бизнис и во однос на тоа дефинирајте ги и мерете ги микро и макро конверзиите.

Предизвик 6: Намалување на лажните кликови

Google ги сака парите најмалку колку и вие. Затоа и покрај неговата определба да ва штити од нерелавантни и лажни кликови, не му е непознато да ја пушти вашата кампања и на места на кои тешко дека некој ги клика вашите реклами од интерес, иако кликови се појавуваат во вашиот dashboard. Затоа е мошне битно, посебно во Display кампањите, редовно да ги следите местата на кои се појавува вашата реклама и да ги отстранувате нерелевантните и сомнителните.

Предизивик 7: Оптимизирање на вашите кампањи

Оптимизирањето не е еднократна активност, тоа е постојан процес. Но најголемиот дел од нас или нередовно или недоволно темелно ги анализираат резултатие од кампањите. Тоа го ограничува нашиот увид во сите можности за оптимизација и подобрување на резултатите. Затоа, од првиот ден треба да следите, да теститрате, да мерите и да прилагодувате.

 

Сите овие работи ги имаме на ум и искуството ни покажало дека се важни. Но, некогаш немаме доволно време или доволно знаење да им се посветиме и да ги направиме нашите кампањи во AdWords успешни и профитабилни. Затоа, колку што ви дозволува времето, посветете им повеќе внимание. А за оние поамбициозните кои би сакале да го совладаат сето ова во два дена, тука е напредната дводневна обука за Google AdWords со најискусниот лиценциран тренер на Google, Мирослав Варга. Обуката се оддржува на 23 и 24 во Парк хотел во Скопје. Имате уште малку време да се регистрирате за едно од 4-те останати места на обуката.