Glocal 2.0 Програма

Конечно, ја затвориме програмата за претстојната конференција посветена на блоговите, блогирањето, блог заедниците и останатите social media теми.

Уште пред некое време воодушевено дискутирав со сите кои ме прашуваа до каде се работите со организацијата. Во првиот налет добивме изненадувачки многу предлози за презентации од различни делови на светов, меѓу другото и од Блискиот исток и од Африка. Очекував дека по барањето за потврда на учеството добар дел од нив ќе се откажат, но за среќа се докажа спротивното.

Токму затоа, моравме да го промениме иницијалниот план и од два дена предвидени за презентации, да продолжиме на скоро три. Половина од конечните учесници се од Македонија што е одлично, но уште поодлично е што другата половина е навистина шаренолика и ветува интересни содржини.

Главнa звезда на целиов настан е човекот кој е одговорен за блоговите и примената на нови медиуми во BBC, исто така дел од емисијата Pods&Blogs на BBC radio и автор на блогот преку кој јас го запознав (Cybersoc.com) – Robin Hamman

Покрај него воведни излагања ќе имаат и Драган Варагиќ и Ненад Ромич (Marcell Mars). Овие и уште многу други, од 8 до 10 Мај, Сарај, Њујорк Унверзитет.

Преземете ја комплетната програма како пдф (1,4 мб): Glocal 2.0 Blogiing: Evolution Treated as Revolution и испланирајте го своето присуство на некоја или сите сесии.

За некој ден ќе следи и подетална најава за работилниците кои ќе бидат организирани во склопот на оваа конференција. stay tuned :)


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Media and tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Коментирај!