Media & Marketing Blog

Facebook кампања: пораснете му ја брадата

Има две страни на работата кога стнува збор за активности на социјалните мрежи. Едната е одржување на активна комуникација со фановите/корисници/следбениците која во основа е поблагодарниот и долгорочен дел од работата а другиот е оној кампањскиот. Социјалните медиуми од време на време си бараат кампањи, но си бараат кампањи кои се скроени да соодветствуваат со навиките и очекувањата на корисниците кога се на социјалните медиуми. Затоа некои работи може да делуваат многу едноставно и секојдневно но сепак да бидат многу успешни или пак многу неуспешни. Кампањските активности побрзо овозможуваат подобро позиционирање на брендот, досег до нови корисници и секако интензивирање на комуникацијата.

Еве една многу едноставна, многу пати видена (како основен концепт) кампања, а сепак се издвојува од другите. Имено, Bronx Shoes решиле многу едноставно да му ја пораснат брадата на нивниот лик во кампањата. Па така направиле апликација која за секој нов LIKE на Facebook ќе додае едно влако на дигитален билборд кој се наоѓа поставен во Кејптаун. Се разбира каок расте брадата на ликот на билбордот може да следите преку камера која врши преност во живо. А за искуството да биде комплетно апликацијата на Facebook може да следи статистика колку брада ти си му пораснал на човекот преку повикување на твоите пријатели.

Секако компанијата вклучила и награди за да ги стимулира корисниците. За крај, аконемате друга работа, пораснете му ја малку брадатана типов во Кејптаун, нема да ви одземе многу време 🙂 –  Facebook app