Media & Marketing Blog

Треба ли македонските весници да наплаќаат за интернет изданијата

Насловов на постот е всушност темата за која пред една недела премиерно одеше епизодата на дебатната емисија Зебра на Алфа ТВ (10.04.2010). Во емисијата дебатирав со Љупчо Зиков. Кој не ја погледнал, повелете еве ја во целост.

Видеото е доста големо, над 600 MB, може не е лошо да го симнеш прво пред да го гледаш ако конецкијата не ти е од најдобрите :). Благодарност до тимот на Зебра кој ме покани да учествувам и ми ја даде дозвола да ја објавам епизодата на интернет.

Што се однесува до дебатата, само ќе изразам мала доза на разочарување затоа што посакував дебатата да оди малку подлабоко и малку пофокусирано. Бев спремен да дискутирам далеку повеќе. Здравје некоја следна прилика 🙂

Треба ли да се наплатува за интернет изданијата на дневните весниците?

6 коментари на “Треба ли македонските весници да наплаќаат за интернет изданијата”

  1. Igor Trajkovski

    Eve sto treba da napravat makedonskite vesnici.

    Jacek Utko designs to save newspapers | Video on TED.com

    http://www.ted.com/talks/view/id/501

    Jacek Utko is an extraordinary Polish newspaper designer whose redesigns for papers in Eastern Europe not only win awards, but increase circulation by up to 100%. Can good design save the newspaper? It just might.

  2. ribaro mk

    Зиков сам се себе сопнува на неколку пати, а она „бесплатно=безвредно“ во прилогот, како да го протолкувам освен „глупаво=глупаво“

  3. Oliver

    Za dva dena stari informacii koi gi pishuvaat vo vesnik sekoj den treba vesnicite da mi plakjaat mene!!! Seriozno! Soberete se malku, ne se zanesuvajte!

  4. Anonymous

    Добри сте. Зиков не беше лош, очекував многу полошо. Имаше при крај некое ситно гафче (и башка не знае колку е еврото 🙂 ама прилично добро теравте. Фалеше фокус, на пример, се дискутира дали може да се наплаќа за македонските весници, а никој не споменува дека тоа што они го објавуваат е украдено од други странски весници. Само оригинален контент ги спасува, и како што рекоа и двајцата, коментари, додадена вредност…

    Само не ми е јасно кој ќе ги купува на хартија. Порано купував 3 весници одеднаш, плус неделници, месечници. Сега ништо не купувам. Неверојатно колку с`е се смени за 5 години.

Коментарите се затворени.