Glocal 2.0 отворена за сите заинтересирани

Од многу страни, различни луѓе деновиве ми поставуваат серија на прашања поврзани со една единствена работа.

Дали конференцијата е отворена за учество, или се доаѓа со котизација, покана, најава или некој сличен систем?

Значи вака, јасно и гласно, Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution е комплетно отворена за сите оние кои се заинтересирани за овие теми. Нема потреба од специјални најави, плаќање на котизации или добивање дозволи за присуство.

Она што треба да се знае е дека целата конференција ќе се одвива комплетно на англиски, не е предвиден ниту симултан ниту консекутивен превод.

Листата со активни учесници е обајвена, но секако и како публика секој ќе биде во можност да постави прашање или да продискутира на соодветните теми.

Единствено последниот дел, делот со работилниците ќе има мора да ограничен број на учесници, се разбира заради ограничение капацитете на просториите каде ќе се одржат. Во секој случај повеќе детали за тоа што ќе се случува на тие две паралелни работилници, ќе следат за некој ден.


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in academic, social media, Society. Bookmark the permalink.

Коментирај!