Зошто блогираш?

Колку едноставно прашање а толку различни одговори. Пред некое време си зададов задача да откријам зошто македонците блогираат и кој ги чита.  Веќе подолго време се мислев да го направам тоа, но сега имам причина, и решив да го направам.

Спроведувам две анкети, едната за блог публика, односно читатели, а другата за блог мотивација. Оваа првава веќе неколку дена стои како банерче на неколку локални сајтови (балгодарност до нив), каде случајните посетители можат да кликнат и да ја пополнат. Не одев директно на блогови затоа што сакав да имам што е можно пореални резултати за тоа кој и колку од интернет корисниците во мк читаат блогови.

Втората, е наменета само за блогери. Има за цел да ја открие практиката на блогирање, мотивацијата и нивото на себеотркивање. Еве сега ја пуштам во оптек. Ќе се обидам да ги употребам сите канали за да ја испромовирам максимално, со цел да ја пополнат што е можно повеќе блогери.

Анкетата е на овој линк:

Зошто Македонците блогираат?

Помогнете ми во ширењето. Поставете го овој линк каде мислите дека е згодно за да има што е можно повеќе блогери кои ќе ја пополнат а со тоа и да се зголеми нејзината релевантност.

Благодарам.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in МБЗ - Local Blogosphere and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

3 коментари на "Зошто блогираш?"

Коментирај!