Македонските весници најотпорни на кризата

Насловот на постов е преземен од сторијата на Нова Македонија: Македонските весници најотпорни на кризата. Да побрзам со мојот став во врска со него ќе треба да го цитирам твитот на Сеад од вчера:

У ствари македонската економија не е во рецесија затоа што нема македонска економија, она што не постои не може да е у рецесија.

По некаква груба аналогија може да се рече нешто слично и за насловов. Но ајде со ред со мрчењево. Веќе вчера на твитер најавив дека ќе пишам пост со многу прашања поттикнати од изјавите на претставницте на фелата во текстот на НМ.Прашањата не се директно насочени кон тој што ја дал изјавата, туку генерално кон сите нас.

Фотографија: Роберт Атанасовски

Фотографија: Роберт Атанасовски

Да пресечам на кратко, текстот е генерално добар, има доста аспекти но од авион се гледа дека секој соговорник си збори за она што го мачи.

Падот на тиражите на дневните весници кај нас не е поголем од 10 отсто…

Сепак, се смета дека падот на тиражот на сите дневни весници во просек е од 5 до 10 отсто… – Стратеџик Маркетинг

Прашање: Во споредба со кој период? Кризата на весниците не е нова работа, и не се случува преку ноќ? Дали 10% е намалена продажбата, да речеме во последниве две години?

Тиражите опаѓаат последниве години кај нас. Сите весници веќе имаат и свои интернет-изданија, но проблемот е во тоа што тие изданија се бесплатни. -Роберто Беличанец

Прашање: А зошто не се обидат да ги направат со платно? Па да видат тек тогаш што ќе ги снајде.

Падот на тиражот е очигледен кај сите весници, но јас сметам дека тоа е пред сè поради сиромаштијата, а не поради онлајн-изданијата – Жане Ванкова

Случајно да не има малку врска ова со сиромаштиајта на информации кои се понудени? Не приметив дека луѓето штедат на информаци, нели стануваме информациско (не информатичко) општество. Насекаде околу гледам дека сите се повеќе зависат од информации, ама види мајката тука не влегуваат информациите кои се поместени во весниците.

Што се однесува до онлајн-изданијата, проблемот е што самите огласувачи сè уште не се расположени за таму да огласуваат. Сите весници имаат онлајн-издание, но го нудат бесплатно. – Ерол Ризаов

Види комнтар погоре. Прашање: А дали вие како издавачи сте спремни и расположени да понудете огласување онлајн? Каде ви се понудите? Колку се подготвени вашите изданија за рекалми и колку се подготвени вашите маркетинг сектори за истото?

Нашите интернет-изданија се исти како печатените, за разлика од западните весници, каде што содржината во двете изданија се разликува. Главните уредници не можат да наплатуваат за интернет-изданијата, затоа што нема механизми за наплата, а и ќе губат читатели. - Ерол Ризаов

Прашање: Зошто се исти? Што сака да каже Ерол со вторава реченица??? Како се разликуват механизмите за наплата принт – онлајн? Како тоа уредниците наплаќаат?

Ај доста е мрчење, се надевам ќе се отворат прашањава далеку повеќе во иднина, иако не сум нешто голем оптимист пред се заради некои комплексни локални ситуации кои фино ги дефинира Ерол:

Сите весници работат со загуба и на нерегуларен пазар. Тие нема да згаснат бидејќи сопствениците не ги формирале за профит, туку за други цели.

Јас би сакал да видам некој настан организран на оваа тема, локално со локални актери, ама со актери кои се спремни да слушаат и да споделат и да си отидат дома (или на работа) спремни да променат некои работи. Толку од мене, ако имаш некое прашање плус, пиши, ако имаш одговор обавезно пиши :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Journalism, local, online, print and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

10 коментари на "Македонските весници најотпорни на кризата"

Коментирај!