Media & Marketing Blog

Бостонски маратон: Најдоброто и најлошото од интернет

За време и по немилите случувања на Бостонскиот маратон, се одвиваше интензивна дебата за тоа каде можат да се добијат најновите и најточните информации за нападите. Сите поголеми мејнстрим медиуми беа на лице место веднаш или неколку часа по случувањата, како и за време на потерата по двајцата осомничени. Но, на лице место, дури и пред супер-ажурните медиуми, беа учесниците на маратонот, посетителите и оние кои таму живеат.

Опремени со новите медиумски алатки секој од нив беше медиум-поединец кој можеше да испраќа секакви информации од лице место. Како резултат на ова се разви процес на паралелно информирање: од една стрна тука беа медиумските професионалци, а наспроти нив граѓаните кои на интернет пласираа содржини без уредување или филтрирање.

И што се случи?

Се случи жестока дебата за тоа кому треба да се верува и кој е доволно одговорен во процесот на информирање. Од една страна беа нет-ентузијастите, кои беа воодушевени како граѓаните можеа слободно да го информираат светот, без притисоци од уредници, газди, спонзори, политичари:

 9xi3Rg1

Од друга страна, пак се најдоа нет-скептиците кои беа загрижени како лесно се ширеа шпекулации, дезинформации, непроверени информации, итн. Тие го наведоа примерот на Сулахадин Барум, 17 годишниот Мароканец доселеник во САД, кој погрешно бил осомничен на интернет дека е вмешан во нападите:

Една од поуките кои произлегоа од дебатите е следната: иако технологијата ни овозможува на сите да бидеме медиуми, тоа не значи дека треба да бидеме и истражни органи. Ситуација во која секој секого би обвинувал кој е осомничен води кон целосен хаос на системот. Потребно е ново знаење и култура како треба да се користат содржинитее од новите медиуми. На пример, споделувањето на овие материјали со истражните органи и  помагање на нивната истрага е одлична примена. Цртање крукчиња околу главата на присутни луѓе на маратонот и нивно сомничење дека во ќесето донеле бомба, е погрешно и крајно штетно.

Новото време и новите медиуми бараат од сите нас учење нови правила, а одговорноста станува толку поголема, колку што е поголем бројот на оние на кои им се обраќаме.

2 коментари на “Бостонски маратон: Најдоброто и најлошото од интернет”

  1. Џаман

    па добро, ако мобилниот телефон со камера и пристап до интернет по некаква дефиниција и логика сите не сврстува во медиуми, тогаш сите со здрав разум и минимум логичка структура на расудување не прави истражители 🙂

    проблемот и одговорноста на водење на системот до хаос не лежи на плеќите на минорните по специфична системска тежина цртачи на кругчиња туку токму на системските играчи со специфика на контролна моќ .. точно е дека дечкото од Мароко, учесник во маратонот беше заокружен, и веројатно самиот се пријавил да демантира по медиуми, што отвори салва напади по аматерите истражители и репортери на друштвените мрежи та дури Обама најде простор и време да ги искара во своите штури претседателски обраќања на темава .. но остана до овој момент, само како пример, четири пет дена по немилиот настан, барем да се покрене прашањето во МСМ за оние другите заокружени, улогата и задачата на аматерски индетификувани приватни обезбедувачи како Craft International на лице место со џамбо ќеси 🙂

    кога МСМ не го поставуваат релевантни прашања како тема, не пак да ги обработат, и истражните органи имаат логички црни дупки кои никој со минимум здрав разум може да ги занемари, тогаш недвосмислено оставаат широк просторот за цртачи на кругчиња и нивна легитимација .. овој простор истовремено го делат разноразни спец пропагандни служби, психолошки сејачи на магла, нереализирани его кретени заедно со вистински добронамерни и загрижени граѓани .. оди па разграничи, процес што бара време и индивидуални капацитети во кој многумина не се кадарни или не може да се вложат за преодна оценка ..

    муабетот ми е дека системот е системски сјебан, ми се чини дека дебело ја има поминато онаа точка по која не може да се самокорегира, повеќе навалува кон колабирање отколку кон некаква си еволутивна корект трансформација .. овие мали поуки тука, исто како и мојот коментар нема да променат ништо во предикаментот, туку повеќе ги сметам како малтер на тулите од темелите до првиот или вториот кат, да не патосираме скроз на скроз 🙂

    поздрав!

  2. Александар

    Сите поголеми мејнстрим медиуми беа на лице место, али пренесуваа само тоа што им беше кажано (лаги и исечоци од изјави од луѓе блиски до “бомбашите” на кои им беа извртени зборовите) , па дури и со 5 секунди одложување, интернетот можеби е крив шо испаднаа толку многу “невистини” каде имаше и доста споделувани видеа и слики од граѓани каде што ниту една телевизија не ги пренесе, а ти сам без “помош” на водителот на cnn, bbc, nbc, abc итн можеш да основаш свое мислење а не наметнато. А тоа на некој му смета, и затоа додека не забавјаа со драмата во Бостон каде за едно 19 годишно момче го затворија цел бостон и покажаа колку се само ранливи, на конгрес помина CISPA, каде што нашата приватност на интернет (фб,твитер гугал итн) повеќе не е заштитена!!!

Коментарите се затворени.