Exctinction timeline 1950-2050

Или локализирано „Временска оска на истребувањето“ :) Двајца австралиски футуролози се збраа и конципираа приказ (секако претпоставен во периодот 2008-2050) како некои феномени од сферата на комуницирањето, технологијата и слично се очекува да исчезнат. Портпаролите на засегнатите веројатно би рекле одважно дека се работи за „шпекулации од кругови на нивната директна конкуренција“, но има тука и солидни аргументи ова еден ден да стане веродостојна слика. Штета што само не се засегнати нашиве локални субјекти, многу ме интересира кога ќе исчезнат некои од нив. Бонус информација: Спамот се очекува да исчезне 2035!

timeline.JPG


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media and tagged . Bookmark the permalink.

Коментирај!