Media & Marketing Blog

Развојот на новинската индустрија, во туѓи раце

Веројатно како никогаш досега весниците, и сите останати произведувачи на информации, поточно мислам на традиционални медиуми, се наоѓаат во ситуација кога најмалку имаат влијание во развојот на она што најдобро знаат да го прават.

Уште од појавата на интернетот и развојот на нивните веб презентации тие започнаа со неколку чекори заостанување, но сепак се чини ни до ден денес не успеаја да го фатат ритамот. Сите ние станавме „information junkies”, а во таа игра се приклучија голем број нови играчи кои од различен агол си почнаа да си гризат од колачот. Не е лошо секој да си јаде по малку од колачот, но лошо (од аспект на овие традиционалниве) е што нивните потези сега се под огромно влијание на овие … другиве.

Ева на што мислам:

1. Apple iPad – Сакале ние да признаме или не, овој производ, и серијата слични на него кои веќе се најавени, од темел ја размрдаа новинската индустрија, пред се весниците и магазините. Веќе се закажани семинари и слични други настани кои имаат за цел да ја продискутираат иднината на весниците откако се појави овој уред. Дополнително, најголем дел од поголемите светски издавачи уште пред да се појави физички на пазарот овој уред започнаа да работат на своите апликации за iPad. Нема потреба да зборувам дека светските консултантски куќи (Garcia Media, Innovation) веќе ги понудија свите услуги. Сакале тие или не, пазарот наложува да инвестираат во секој нов тренд кој од една страна им е наметнат, но од друга може да значи и враќање на индустријата која веќе некое време паѓа. А дека инвестициите се сериозни и бараат многу нови знаење, покажува и овој пост на одличните iA кои неодман го споделија своето искуство на тема изработка на апликација за iPad: Designing for iPad: Reality Check

iPad on paperPhoto by iA

2. Facebook Пред некој ден на својата конференција за девелопери F8, Facebook претстави повеќе новитети кои значително ги менуваат правилата на игра, но не само оние на нивниот сервис, туку оние кои важат за целиот интернет. Задолжтелно на темва да го прочиташ: Is the New Facebook a Deal With the Devil?. И сега веснициве (т.е. online news сајтовите) сакале или не мора да се прилагодат на новите правила. Why Newspapers Need to Heed Facebook, Now. Доколку сакаат да им го овозможат на корисниците она што тие сакаат да го искусат и она на што Facebook ги навикнува, ќе мора да стапнат подлабоко во калта во која се наоѓаат. Не велам дека ова е негативно за нив, напротив како и со iPad-от  може да им внесе повеќе живот и профит, но сепак целата поента е дека играат на туѓа музика.

Во кој и да било случај, јасно е дека во овој период некако изгледа дека технологијата (читај другите компании) е онаа која им го свири орото на медиумите. На нив не им преостанува ништо друг освен да играат и да се надеваат на искрен и голем аплауз.

3 коментари на “Развојот на новинската индустрија, во туѓи раце”

  1. Anonymous

    Дистрибуцијата сигурно има улога, но мислам дека се преценува. Тоа е како што печатниците и телевизијата извршиле влијание врз новинарството. Некако очекувам да биде кумулативно или комплементарно, т.е. да се надополнуваат со старите дистрибутивни канали…

    • Lakiesha

      I’m sorry your daughter had to go through a procedure like this. I’m hoping she’s still hanging in there. I love the song you have for her on her we12eti~I&#8sb7;m thinking of all of you and keeping? you all in my prayers! You deserve nothing but the best!

Коментарите се затворени.