Алфа блог

Иновациите во интернетот се примарно средство за огласување на голем број престижни компании, а Алфа Ромео брендот е веќе познат како „навлечен“ промотер и корисник на потенцијалите на новите медиуми. Овој пат за промоција за моделот „Алфа МиТо“ го одбраа блогот, „Alpha MiTo Blog“:

11-alfa-mito-blog-1.jpg

Блогот на моделот ќе биде централен извор за информации во оваа кампања до крајот на јуни 2008, но секако и потоа. Нивните комуникациски стратези процениле дека блогот како медиум и место за промоција најверно ќе ги пренесе нивните пораки до потенцијалните корисници, но и пораките на корисниците за нив. Инаку моделот изгледа како особено погоден за користење за нашата елита. Не, не, името на моделот нема врска со оваа идеја :)


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in New Media, Society, Technology and tagged . Bookmark the permalink.

Коментирај!