Media & Marketing Blog

ТВ-вести и Web 2.0

Едно од посериозните прашања со кое се занимаваат глобалните тв-моќници и иноваторите од оваа сфера е прашањето како подемот на Web 2.0 може да повлијае врз начините како гледачите ги наоѓаат и апсорбираат информациите од тв-вестите.

Евидентираниот пад на гледачи на тв-вести на глобално ниво се поврзува со новите канали на информации, секако со доминација на он-лајн сервисите, и новите навики кои консументите ги развиваат. Имено, да се седне и да се изгледаат тв-вести од почеток до крај, без разлика на блискоста на темите за индивидуалниот гледач и неговите интереси, и седнување пред компјутер и инстантно проверување на вестите од веб-сајтот или RSS-от од истиот на теми кои ве интересираат, се сосема две различни искуства. Менаџирањето на информациите и своето време се поими кои веројатно ќе се наметнат како тренд во информирањето и ќе станат стандард на кој и тв-вестите ќе мораат да се прилагодат.

Дејв Вајнер (Dave Winer) од Scripting News тој процес на еволуција на тв-вестите го гледа на следниов начин:

I had a flash, I want a checkbox that tells MSNBC that I don’t want any more Virginia Tech stories…Then came breaking news that Boris Yeltsin had died. In my ideal news system, the screen would refresh and a checkbox entitled Yeltsin would be added, checked by default. If, after hearing the first report, I didn’t want to hear more, I could uncheck it. No doubt a biography is coming, and testimonials, and interviews with Henry Kissinger and Zbigniew Brzezinski. I am interested in this stuff, Yeltsin is history, but there may come a time when I’d prefer more news about Alberto Gonzales, and I definitely want to hear anything they have on the Internet or Macintosh, or the impeachment of President Bush…

PS: Мене идејата малку ми личи на „pay-per-view“, само што слично се бира, ама нема pay 🙂