Весници во пишана форма… сеуште ќе постојат (не знам дали сите и дали истите), бидејќи има луѓе кои не знаат и одбиваат да користат интернет, и сметаат дека им е касно да научат да го користат. Тиражите ќе се намалат и цената ќе биде посимболична и повеќето реклами ќе бидат на веб сајтовите. Ќе се зголемат редакциите од типот на кирилица и нетпресс…

Радио – нема шанси да пропадне класичното радио и сите радија да постојат само на интернет… најдоброто кај радиото е што можеш да го следиш и дома, и на работа, и во кола, и на улица, и на планина… ваљда нема во кола да слушаш радио од интернет… шо му фали на класичното преку антена…

Телевизија – се сложувам дека заедно со интернетот ќе станат најмоќните два медиуми (а и сега се… или не?). Не би се сложил дека се ќе биде оставено на новинарот сам да работи…

Интернетот многу нормално дека ќе расне во поглед на корисници и сајтови што мене ми е многу симпатично 🙂

Така отприлика… 🙂

И дај напишете еден пост вие како автори на блогов, шо е ова… 🙂