Media & Marketing Blog

Топ 5 причини како медиумите ја влошуваат општата живеачка

5. Им помагаат на богатите да бидат уште побогати;

Комерцијалните медиуми своите приходи ги базираат на огласувањето и рекламите. Нивните интереси се испреплетени со интересите на главните играчи од економијата. Кумулативен резултат на таа невенчана брачна заедница е популаризација на оние што плаќаат повеќе, а со тоа постапно ги елиминираат поситните економски играчи. Ерго, богатиот е „осуден“ да се збогатува и понатаму.

4. Ширење на колективна анксиозност и стрес;

Континуирано пласирање на негативни вести создава колективно чувство на притисок, стресност, нетрпеливост и губење доверба во колективните вредности и доблести. Се поттикнуваат песимизам и депресивни чувства.

3. Ширење на површна популарна култура;

Визуелните медиуми доминираат а со тоа и визуелните слики и претстави (images) кои тие ги промовираат. Изглед, линии, бои, форми, комбинации на форми…она што не можеш да го видиш не е вредно и е сосема одвишно. Изгледот е се, тој е клуч за успехот во животот, на други нешта не треба да се троши ни време, ни труд.

2. Експанзија на аморалност;

Постојано барајќи, наоѓајќи и ширејќи ги деталите за девијантните однесувања кај луѓето создаваат колективно игнорирање на позитивните морални вредности и човечноста, и следствено на тоа поттикнуваат отуѓување помеѓу луѓето кои сега се повеќе се плашат едни од други. Ако во медиумите секој ден најдете доминирачки вести дека во светот повеќе ништо не е свето, тогаш со тоа постапно се ослабуваат колективните кочници кон неморалот, па по логиката така прават сите, нечовечноста станува нормална.media_monkeys.jpg

1. Доминација и контрола врз популацијата;

Еуфемизам е да се каже дека медиумите влијаат врз нас. Поблиску до вистината е зборот „контрола“. Посредно контролираат што купувате, за кого гласате, како се облекувате, каде патувате, за што сонувате и така натаму. Ако се препуштите на медиумските трендови и тенденции, исто е како да седнете во автобус кој го вози друг, тој не влијае врз вас туку ја контролира вашата судбина, се додека сте му препуштиле да ве вози.

3 коментари на “Топ 5 причини како медиумите ја влошуваат општата живеачка”

  1. Ванчо

    Малку конзервативно, но точно. Впрочем, и јас сум конзервативен, па ми одговара ваков начин на размислување.

    Ако се направи анализа, домашните медиуми се виновни по сите точки: црнила, турбо-култура, аморалност, контрола …

    Јас би додал уште и: неписменост, сервилност кон владеачките политички структури, површност, и чиста, нескриена глупавост.

  2. sead93

    Сега со твојов прилог може постот во топ 10 да го преправиме 🙂

  3. Ta4ka

    Многу точно, и многу е добро да не се гледаат вести. Знам бидејќи не гледам и многу сум посреќен. Телевизија како медиум е многу негативна работа. Мислам на вести, али и сите драми филмови, убијци, психопати и тоа како си носат потсвесно стресови не се поарни. Незнам зошто сите телевизии обожаваат такви филмови?

Коментарите се затворени.