Media & Marketing Blog

Што е глобализација?

Алесандро Барико (Alessandro Baricco) во својата книга „Next-Sobre la Globalizacion y el Mundo Que Viene“ расправа за феноменот на глобализацијата и како тој се перципира во секојдневието. Во книгата тој пишува како на своите пријатели им пратил порака во која ги замолил да му напишат како ја разбираат глобализацијата и да му наведат еден пример за глобализација. Потоа, постапно тој ги анализира и деконструира нивните примери, и наоѓа дека голем број од нив се или погрешно разбрани како примери за глобализација или се пак нешто друго (културен империјализам, PR, комерцијални феномени и слично).

Еден од неговите пријатели му напишал дека за него е глобализација кога свештениците од Тибет можат да сурфаат на интернет. Проучувајќи ја изјавава и примерот Барико успеал да открие дека всушност свештениците од Тибет не само што не сурфаат, туку и не помислуваат да прават такво нешто, барем не во наредниов милениум. Всушност се работело за реклама која неговиот пријател ја интерпретирал како „реална ситуација“, додека портпаролот на свештениците од Тибет го обвинил дека е инструмент на кинеската пропаганда 🙂

Ех, да ми беше Барико пријател и да ме замолеше да му одговорам на истово прашање бездруго ќе му го наведов примеров на кој бев сведок пред кусо кусо време: одејќи по уличкиве на Скопјево наше загледувам еден „пребарувач на контејнери“ како си ја спушта торбата пред контејнерот и се пушта кон него за да му ја преиспита содржината. Во истиот миг му се пушта едно од уличниве кучиња со агресивно лаење. Се врти овој кон него и онака лутито му одговара:

-Шарап! (за „Shut Up!“, англ.)

Ете тоа е глобализација низ скопска перспектива, кога локален питач на џукела сосема „casually“ му се обраќа со „Shut Up!“.

4 коментари на “Што е глобализација?”

  1. iacovibus

    хахаха… добар пример. инаку, книгата е една од подобрите лаички анализи на глобализмот.

  2. Iskra

    Inace gorniov "Anonymous" e koleska ti Iskra, ne znam zasto me percepira kako anonimna :)))

Коментарите се затворени.