Media & Marketing Blog

8 причини зошто новите медиуми се развиваат

УЧЕСТВО (партиципација): Со години и децении наназад за собирање на информации беа задолжени обучени преофесионалци кои ги собираа, селектираа и презентираа информациите кон пошироката публика. Ова веќе не поминува така лесно, затоа што бившата конзумирачка публика сега се повеќе бара да влегува во интеракција со информациите од професионалците, да ги коментира, да го оценува и дури и да учествува во самиот процес на собирање и презентирање на информациите. Тоа е како на миланското дерби еден по еден професионалците од тимовите на Интер и Милан да почнете да ги заменувате со дечки од публиката, враќање назад нема, прашање е само во кој степен ќе се балансираат условно кажано професионалците, аматерите и активната публика.

НЕДОВЕРБА КОН ИНСТИТУЦИИТЕ: Било да се работи за држава, верски инситуции, образовен систем, корпорации, фирми, и слично, сите колективни категории се во криза. Да се верува слепо во големите нешта на човечкото општество едноставно се смета за надмината фаза Се е ставено под критичка лупа и ништо не се прифаќа здраво за готово. Се промовираат индивидуалните вредности, метанаративите пропаѓаат, микро-наративите (според Лиотар) цутат и тоа најлесно може да се направи преку новите децентрализрани медиуми.

ИГРАЊЕ: И не се работи само за популарноста на видео-игрите,  играта како еден од основните човечки пориви  и потреби на голема врата влезе и си го најде местото во либерално демократскиот универзум. Играта, карневалксиот дух и креативноста која тие ја активираат идеално е прокжектирана во новите медиуми.

ПОВРЗУВАЊЕ: Се е поврзано, сите ми се блиски, светот е отворен за неограничено поврзување помеѓу луѓето, во секое време. Ова луѓето го доживуваат како реализиран идеал и сон, можеби највозбудливиот дел овозможен од новите медиуми.

ХОЛИЗАМ: Убава работа со новите медиуми е што сите работи кои ви значат нешто можете да ги интегрирате и концентрирате на едно место. Различните сфери на активност и интерес не мора да се расфрлани низ различни места, поврзани со одредени луѓе и слично: новите медиуми ви овозможуваат  да ги агрегирате и концентрирате своите интереси на едно место и да ги контролирате од таму. Добро, ако сте по фитнесот, ќе треба од време на време да појдете и до фитнес клубот, но самиот факт што своите интереси може да си ги сконцентрирате на едно место, било да е тоа агрегатор на вести, РСС, личен блог и слично дава вакво чувство на тесно поврзување и холизација.

 

yournewmedia001_3.jpg

ЈУКСТАПОЗИЦИЈА (приложеност): Оваа стилска и реторичка фигура денес се употребува да опише социјални и комуникациски процеси во кои се е ставено на виделина, наредено пред очите на глобалната јавност, се е можно да биде видено, осмислено, нема непознаници од широкиот свет, и тој повеќе не е црно-бел, туку е расцутан во најразлични бои и нијанси на значења.

НАПРАВИ САМ: Активноста, интерактивноста и слично доживуваат свој врв во процесите во кои сами ги осмислуваме и реализираме своите намери, планови и желби. Задоволството од  инволвираноста и вложениот труд е еден од најстимулативните чувства кои не приврзуваат кон одредени нешта.

НЕПОСРЕДНОСТ:  Се е подредено на корисникот и тоа на најбрз можен начин: брза храна, брз интернет, брзи автомобили, брзи копмјутери, брзи конзоли, едноставни и брзи контроли на мобилниот, и слично…Никој нема време за чекање, а квалитетни услуги во денешни услови пред се значат брза услуга.
Адаптирано од „8 reason why new media is growing“ од „Problogger“.