Media & Marketing Blog

Подем на забавното учење

Влијанието на медиумите и на вредностите кои тие ги застапуваат (забава, уживање, опуштање, отворена комуникација, интеракција…) сè повеќе влегуваат во инфлациска спирала и добиваат на вредност во сите сфери на општественото живеење. Таков е случајот со образованието. Вообичаеното, барем локално, разбирање е дека образовниот процес е категорија која е автономна и неспоива со други сфери, како што е забавата. Но, не повеќе. Трендовите во ова област, под интензивно влијание на медиумското опкружување се менуваат и се обидуваат да се прилагодат кон новите навики на учениците и на сите оние кои треба да бидат инволвиран во образовниот процес, пред сè со употреба на забавни методи во учењето, каков што е и следниот скорешен пример:

Children typically spend hours in front of a computer so a Canadian university has decided to introduce them to Shakespeare with a video game. While zapping enemy spaceships players have to help recover the stolen text of Romeo and Juliet by memorizing lines from the famous play, learning facts about Shakespeare’s life and devising synonyms and homonyms for parts of the text…The game was launched earlier this week to coincide with the anniversary of Shakespeare’s death.

Идејата е прилично „штосна“ и интересна, но останува да се забележи и тоа дека сведочи за промената во вредностите и преориентација кон забавувањето и уживањето на модерната глобална култура во сите сфери на дејствување. Впрочем, и со еден поглед на промените во приодот на емисиите кои одат на досега барем научниот тв-канал „Discovery Channel“ и редица забавни „reality show“-а и документарни драми се исто така показатели за оваа прилично радикална промена и поместување. Сличен процес е во тек и во информативната сфера каде почнуваат да преовладуваат пристапи во информирањето кои се нарекуваат „info-tainment“.

2 коментари на “Подем на забавното учење”

Коментарите се затворени.