Media & Marketing Blog

Лап топ за секое дете, случаите на Уругвај и Индија

Обидите  и проектите за надминување на „дигиталниот јаз“, расчекорот во технолошката развиеност, како и подобрување на пристапот кон интернетот, се широко застапени во развојните стратегии на многу фондации и влади. Интересно е да се разгледаат два случаи кои се достапни за споредба, за да евентуално се извлечат поуки од нивните искуства и одбегнат во локални и регионални рамки:

  • УРУГВАЈ: Проектот во Уругвај е изведен како „Plan CEIBAL“ (Project of Educational Connectivity of Basic Information for Online Learning) од страна на One Laptop Per Child фондацијата (НВО), со план за цирка 380.000 лап топи кoи треба да им бидат дадени на учениците од Уругвај. Проблемите кои се пројавија во случајот на Уругвај се следните: (а) проектот беше исполитизиран од владеачката гарнитура која во изборна година го инструментализираше проектот за свои домашни потреби, (б) проектот беше критикуван дека го запоставува веќе постоечкиот јаз во кој децата немаат и поелементарни средства за живот (храна, вода) од интернетот, (в) проектот негативно го децентрализира образовниот процес и го префрла тежиштето од образовниот систем кон самите деца („the project is decentralized and shifts agency to kids and away from state educational systems“) (г) отпор на локалната заедница кон конзумеризмот на кој интернетот ги наведува децата, и.т.н, повеќе детали се достaпни во понудените линкови. Сума сумарум, проектот се наведува како еден од примерите на „a blind charity mentality“, во кој недоволно обмислено се применуваат донаторски проекти кои на крајот на краиштата немаат елемeнтарно доволен позитивен ефект.
  • ИНДИЈА: Владата во Индија на 30 април 2009 потпиша договор со истата фондација (One Laptop Per Child) откако претходно се противеше на нејзините понуди од проста причина што имаше паралелен проект за надминување на дигиталниот јаз:

Last year, the entire tech world eagerly waited for the launch of the $10 laptop designed by students of Vellore Institute of Technology, scientists in Indian Institute of Science, Bangalore, IIT-Madras, UGC and MHRD, but it turned out to be a joke. The $10 laptop ‘prototype’ with two GB RAM wasn’t a laptop at all but a computing device along with a hard disk with e-books, e-journals and relevant educative material through the ‘Sakshat’ portal.

И во случајот на Индија станува јасно дека зад проект од таков обем (2.500.000 лап топ парчиња за индиските ученици) стојат големи економски интереси и дека самата хуманитaрно-развојна компонента како да паѓа во сенка, барем во делот на стратешкото планирање. Плановите се преамбициозни, неприлагодени, поттикнуваат акултурациски конфликти, и ја истакнуваат комерцијалната природа како на производителите, така и самиот интернет хипермедиум.

2 коментари на “Лап топ за секое дете, случаите на Уругвај и Индија”

Коментарите се затворени.