Media & Marketing Blog

Окрупнување на медиумите

Во контекст на скорешното оформување на нашиот „Совет за радиодифузија“ може за споредба да се погледне сајтот на американскиот пандан на оваа институција (PBS-public Broadcasting System) и тоа со какви информации тој ги опслужува своите граѓани.

На веб-страницата на своето списание (Frontline) објавен е веб-прилог (Media Giants) кој се занимава со феноменот на окрупнувањето и спојувањето (merging) на корпорациите кои се инволвирани во сопственичката структура на најмоќните медиуми.

Секако, тоа е процес кој има големо влијание врз состојбите во сферата на медиумите, а овде навидум комплексната мрежа на односи што владее помеѓу нив е претставена на прегледен начин.