Glocal: Inside Social Media

„Светската историја не е ништо друго туку биографиите на големите луѓе”; Ова е познатиот цитат на Thomas Carlyle, во кој тој појаснува дека „малкумина, моќни и славни индивидуалци ја обликуваат нашата заедничка судбина“. Ако ова се сметаше за доминантен концепт во минатото, тогаш денес може слободно да кажеме дека на повидок е драстична промена.

Вака изгледа првата најава за третата по ред, Glocal конференција во организација на Њујорк Универзитетот Скопје. Вчера, на огромно задоволство го пуштивме во оптег т.н. Call for Papers или на нашки, повик за реферати (или некој поумесен превод де :).

Конференцијата ја продолжува минатогодишната успешна приказна и повторно ќе обработува теми поврзани со новите медуми. Многу се мислевме за насловот. Имавме доста опции, сите беа навидум едноставни, но за нас пренесуваа доста длабоки пораки. На крај како што гледаш се решивме за: Inside Social Media.

Повторно, темите на кои може да се земе активно учество се доволно широки и ептен мултидисциплинарни. Има таму доста, од право, бизнис, маркетинг, секако комуникации, па до социологија и етнографија (да не речам етнологија или уште поточно антропологија :)

Сега засега важен е еден датум, оној до кога ги очекуваме предлозите за презентации за т.н. „академски реферати“, а тоа е 10 јуни. Самиот настан е планиран да се одржува 3 (поточно 2 и пол дена). Четврток, петок и сабота претпладне, датумите се во октомври и тоа 15, 16 и 17-ти.

Е  па, толку сега засега за оваа прва официјална најава. Двајцата автори на блогов активно учествуваат во организирањето на оваа конференција, па оттаму можам со сигурност да тврдам дека на блогов ќе се „труе” за неа :)

Ако имаш некое прашање поврзано со конференцијава, слободно пиши меил, коментар, јави се, што и да е, со задоволство ќе одговориме.

И секако, ако мислиш дека можеш да помогнеш во ширењето на информацијата за настанов, ич не му се мисли, споделувај!


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in academic, local, New media, Society and tagged , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Коментирај!