Media & Marketing Blog

Непрофесионалност, автоцензура, манипулативност и неинвентивност

Директно мотивиран од Ивица Боцевски (фала) се навратив на извештајот на Freedom House, кој беше објавен во мој претходен пост. Ивица се надоврзува на новите планирани активности на MDLF и на коментарот на Борис Георгиевски во Утрински Весник.

Јас на таа тема оставив коментар кај Ивица, но овој пост го посветувам на последниот пасос од текстот на Борис.

Непрофесионалност, автоцензура, манипулативност и неинвентивност. Ова се само дел од квалификациите за македонското новинарство кои успеав да ги пронајдам кај се популарната блогерска заедница. За жал, ова не се темите на кои се дискутира во еснафските здруженија на новинарите. За нив е најбитно кога новинарот некого ќе наклевети или навреди, да не оди в затвор. За тоа што се пишува или говори од јавни места, за тоа имало “пазар”, па тој оценувал. …повеќе

Edit: Го сменив насловот на постот. Оригиналниот беше: „Делумно слободно“ новинарство?!

Technorati Tags: , , , , , , , .

2 коментари на “Непрофесионалност, автоцензура, манипулативност и неинвентивност”

  1. Стеван

    Секогаш кога ќе се појави некоја анализа за новинарството во Македонија, вие новинарите почнувате да се јадете помеѓу себе и да се обвинувате едни со други.

    Мислам дека тежиштето на сите вакви анализи е врз власта, власта е главниот фактор што ги прави медуимите неслободни.

  2. Darko156

    Можеби држи до некаде ова што го пишуваш но сепак не мислам дека власта би имала толку голема улого доколку некој не и дозволува толку многу.

    И само една мала корекција: НЕ СУМ НОВИНАР

Коментарите се затворени.