Media & Marketing Blog

Прозорец кон…дворот

Работејќи на анализа на домашните ТВ дневници еден момент ми беше прилично упадлив: колку малку вести од светот (во смисла на квантитет) ни нудат домашните тв медиуми. Во пресек земено, вестите од светот временски, во просек, опфаќаат околу 5 минути, во добрите денови, што е некои 15 проценти од термините за вести (ретко се случува веста од светот да е ударна, освен, како денес, вести за големи трагедии и инциденти). Колку и да има аргументи за ваквата состојба, од типот дека нив можеме да ги најдема на милион други места, сепак ваквиот тесен поглед на реалноста околу нас е за критика.

ewrewrew-7.jpg

Кога ќе се земе дека во ваквите „вести од светот“ се една кошничка од теми како вести од регионот (кои сепласираат како вести од светот), разни бизарни вести за грозоморни случки и слично, останува голема дупка од вистински квалитетни и релевантни вести од светот, кои во овој поврзан глобален свет, секако се важни и за нас.

Забелешкиве се однесуваат само на ТВ изданијата, на сајтовите на телевизиите таквите вести се разграничени по рубрики, но и таму останува забелешката за малиот број вистински вести.

4 коментари на “Прозорец кон…дворот”

  1. GoodBytes

    Во време на глобализација, зголемена комуникација и меѓусебна зависност на луѓето, јасно е дека на современиот човек сè повеќе му се потребни информации за светот надвор од неговата месна заедница. Јас ќе си дадам слобода и овој негативен феномен ќе го припишам на тесноумноста на авторитетите кои ја полнат медиумската табакера.

  2. Бранка

    Јас пак ќе си дадам слобода да додадам дека овој феномен е исто така и резултат на комерцијалните основи на медиумите, особено на телевизиите, но и на недостатокот од визија за иднината на сопствениот медиум. Приватните телевизии се повеќе го скратуваат времето кое го посветуваат на информативни програми, веројатно за да си остават повеќе простор за ефтините продукциски емисии и шпански серии…

    Вестите на ТВ денес траат околу во просек 30 мин, со исклучок на вестите од спортот. Замислете, во тие 30 мин треба да се сместат сите ПР акции на Груевски во текот на денот, реакциите на СДСМ за истите (најчесто ословени како "пропагандна кампања" на Владата (овие два типа на вести ги вклучуваат сите ТВ вести, квантитативно се горе-доле изедначени кај сите, само квалитативно/содржински се разликуваат можеби кај МТВ), еден прилог за проблемите во здравството (недостатокот на цитостатици или некоја афера со директорите на клиниките), и остануваат уште 7-8 минути за вести од светот, економијата, и се разбира понекое убиство или инцест во некое од македонските села, вест која најчесто е најавено уште во првата минута од вестите!

    За култура воопшто нема место, на пример. Ниедни вести на националните телевизии немаат одвоено простор за вести од културата, освен Телма, која има посебна информативна емисија за култура, но надвор од централните вести (кои и онака имаат незабележителен рејтинг). Еве, сетете се кога последен пат сте чуле за културен настан во рамките на вести на национална телевизија?! Јас лично едвај можам да се присетам….

    Да биде уште пожално, помалите и локалните ТВ куќи го следат овој концепт кој го наметнуваат најгледаните телевизии, без да имаат сопствен став или визија за сопствената информативна програма и влијанието кое го имаат врз перцепцијата за реалноста кај својата гледачка публика…

    И во рамки на толку кратки вести (кои ги "уредуваат" токму тие, "тесноумните авторитети"), што би можело да биде вистински вредно за објавување? Што е навистина newsworthy? И кој и да одлучува што е newsworthy за централни вести на национална ТВ, колку тоа навистина ги задоволува потребите за информации на современиот гледач за случувањата надвор од сопствената "месна заедница"?

    Мислам дека ова е уште еден доказ за тоа колку искривена слика за реалноста ни пренесуваат т.н. "конвенционални" медиуми… А мене лично баш ми се гади од тоа….

  3. Darko Buldioski

    Мислам дека токму поради тоа постојат уредници, главни уредници и сл. Нели треба да уредуваат и да суредат да има што е можно повеќе во тие 30 минути.

    Ако треба секогаш да се пушта се тогаш што ќе ти уредник.

    Потполно си права со забелешките, Бранка, иако едно не ми е јасно. Како успеаваат другите уредници ширум светот во истите тие 30 минути да спакуваат далеку повеќе и порзновидни информации. Па зарем само грозоморни убиства и несреќи ги интересираат од светските настани нашиве сограѓани.

  4. Anonymous

    Како бе, имате Ексклузив, Експлозив, Браво шоу и пак не сте задоволни 🙂

Коментарите се затворени.