24 ЧАСА – Бесплатен весник

Од 15 Мај, МПМ ќе започне да го издава (веројатно) првиот дневен бесплатен весник во Македонија. За жал освен рекламата во викенд изданието на Дневник, никаде на друго место не можев да најдам дополнителна информација за овој нов весник.

15 Мај, 48 страници, 100.000 примероци (ова е прераскажана рекламата:)

Сепак, овој потег ме радува бидејќи ова претставува следење на светските трендови во издаваштвото, а секако тоа не е добро само поради самиот факт дека се следат трендовите туку поради фактот дека тоа го развива пазарот и ја задоволува публиката.

Само неколку недели по пријатното изненадување кое дојде од Хрватска (претходен пост) еве сега може и Македонија да се пофали со бесплатен весник.

Подетално за историјата на овој тип на весници може да прочитате на wikipedia: Free daily newspaper, а за најактуелните случувања поврзани со овој тип весници побарајте информации на Free Daily Newspapers – the reinvention of the newspaper.

И уште една мала информација, најпознати вакви весници се Metro (официјална страна) и 20Minutes

Дополнување 08.05

Technorati Tags: , , , , , , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Print. Bookmark the permalink.

4 коментари на "24 ЧАСА – Бесплатен весник"

Коментирај!