Media & Marketing Blog

Метропола – гаѓански веб весник

Ми тргна со првите во последно време 🙂

Метропола – Скопје на едно место
e првиот Македонски граѓански веб весник

Со издавање започнал од Ноември 2005 година, а го издава АвизоМЦ

Метропола, како граѓански веб-весник содржи многу специфики кои, се надеваме, (ќе) претставуваат предизвик за вас да го посетувате, читате и најнепосредно да учествувате во неговото креирање и содржинско богатење. Токму оваа цел го изделува од веб-страниците што ги имаат и Град Скопје и некои (наскоро сигурно сите) скопски општини. А целта ја наметна и концепцијата и уредувачката политика на единствениот граѓански веб весник во Македонија Метропола:

  • постојани, основни – базични рубрики, кои всушност претставуваат (и така се нарекуваат) граѓански сервис за клучни области односно проблеми од скојдневниот живот-пулсирањето на Скопје;
  • алтернативни-динамични рубрики (менливи-заменливи), со заеднички наднаслов и конкретни поднаслови што произлегуваат од содржината на секој прилог, а кои постојат-траат се додека има конкретна причина за тоа (на пример, акција во општина или на ниво на Град Скопје, проблем чие решавање бара поширока и подолгорочна акција и сл.). …повеќе

Весников постои повеќе од пола година, а за него досега не сретнав човек што чул, а сетете се би требало ова да е граѓански весник. Навистина АвизоМЦ изненадуваат со идеите и проектите кои ги работат, во позитивна смисла, но сепак ми се чини дека сево ова не е наменето за општите интернет корисници во МК туку за некој затворен круг кој мене не ми е познат.

Едноставно проектите како идеа им се ОК но како изведба многу лоши. Како и да е, можеме да заведеме во историските книги дека сме имале, и имаме граѓански весник, кој најискрено не сконтав како функционира.

5 коментари на “Метропола – гаѓански веб весник”

  1. Sead

    За жал и овој веб-весник, иако се базира на пласман на брзи и свежи вести, како да се претопува во сивите мк-интернет трендови. Имено, сајтот не е ажуриран од 28 април, изгледа празничното расположение се уште ги држи. Велам, за жал.

  2. |BuUgI|

    Можеби затаиле нешто… А како тоа затворен круг? Сајтов не е достапен за сите?

  3. Darko156

    Сајтот е достапен, ама ако е граѓански медиум (Cit.Media) би требало да овозможува и граѓаните да придонесуваат, а ане само да го користат.

    Јас оваа опција не ја најдов, се обидов да додам некоја содржина ама сеуште не е објавена 😉

    и така натаму…

  4. |BuUgI|

    Баш ќе им пишам да видам што ќе кажат.

  5. Darko156

    Сепак изгледа сум очекувал пребрза реакција.

    Содржината, т.е. линкот ми е објавен.

    Навистина сум оптимистички настриоен кон оваа идеја, мене концептот на граѓанско новинрство ми е многи ОК и во иднина ќе се обидам да биде соодветно промовиран.

    Еве го линкот за да се уверите дека ми го објавиле линкот 🙂
    http://metropola.com.mk/index.php?option=com_webl

Коментарите се затворени.