Метропола – гаѓански веб весник

Ми тргна со првите во последно време :)

Метропола – Скопје на едно место
e првиот Македонски граѓански веб весник

Со издавање започнал од Ноември 2005 година, а го издава АвизоМЦ

Метропола, како граѓански веб-весник содржи многу специфики кои, се надеваме, (ќе) претставуваат предизвик за вас да го посетувате, читате и најнепосредно да учествувате во неговото креирање и содржинско богатење. Токму оваа цел го изделува од веб-страниците што ги имаат и Град Скопје и некои (наскоро сигурно сите) скопски општини. А целта ја наметна и концепцијата и уредувачката политика на единствениот граѓански веб весник во Македонија Метропола:

  • постојани, основни – базични рубрики, кои всушност претставуваат (и така се нарекуваат) граѓански сервис за клучни области односно проблеми од скојдневниот живот-пулсирањето на Скопје;
  • алтернативни-динамични рубрики (менливи-заменливи), со заеднички наднаслов и конкретни поднаслови што произлегуваат од содржината на секој прилог, а кои постојат-траат се додека има конкретна причина за тоа (на пример, акција во општина или на ниво на Град Скопје, проблем чие решавање бара поширока и подолгорочна акција и сл.). …повеќе

Весников постои повеќе од пола година, а за него досега не сретнав човек што чул, а сетете се би требало ова да е граѓански весник. Навистина АвизоМЦ изненадуваат со идеите и проектите кои ги работат, во позитивна смисла, но сепак ми се чини дека сево ова не е наменето за општите интернет корисници во МК туку за некој затворен круг кој мене не ми е познат.

Едноставно проектите како идеа им се ОК но како изведба многу лоши. Како и да е, можеме да заведеме во историските книги дека сме имале, и имаме граѓански весник, кој најискрено не сконтав како функционира.

Technorati Tags: , , , , , , .

Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Citizen Media, Local, Media, New Media. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Метропола – гаѓански веб весник"

Коментирај!